Красимир Каракачанов е во самоизолација, а со заразено лице контактирал и Радев
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 20 Октомври, 2020
Во самоизолација е бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов.
Тој веќе два дена е во самоизолација откако се дознало дека командантот на бугарските воени воздухопловни сили, генерал Димитар Петров, е инфициран со коронавирус.
Министерството за одбрана соопшти дека Каракачанов вчера направил ПЦР-тест, чиј резултат е негативен.
За денеска е предвиден втор тест и доколку и тој е негативен, Каракачанов ќе излезе од изолација.
Со неодамна назначениот началник на бугарските воени воздухопловни сили, физички контакт имал и претседателот на Бугарија, Румен Радев.
Се сретнале минатиот петок и иако Радев нема симптоми тој ја одложи посетата на Естонија која требаше да се реализира денеска.
Во соседна Бугарија вирусот однесе 1.008 животи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.