Краставиците од Албанија безбедни за конзумирање, смируваат надлежните
Објавено во: Агробизнис 12 Април, 2016 17:53
Краставиците увезени од Албанија содржат 25 пати помалку активна супстанца од дозволеното ниво и се безбедни.
Ова денеска го изјави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски на прес-конференција, заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски и директорката на Државната фитосанитарна лабораторија, Сузана Кратовалиева. Тие го демантираа обвинувањето на дополнителниот заменик министер, Љупчо Николовски, дека во земјава се увезени краставици со пестициди двојно повеќе од дозволеното.
„Јавно ја демантирам информацијата на дополнителниот заменик министер дека во примерок од краставици кои ги доставил до Државната фитосанитарна лабораторија е пронајдено количество на пестициди двојно поголема од законски дозволената. Николовски откако е дојден на функцијата има за цел да сее страв и паника меѓу граѓаните, без притоа да понуди добар, конкретен проект или идеа“ - вели Костадиновски.
За обвинувањата на Николовски, Костадиновски додава дека се тенденциозни, со цел прибирање на политички поени.
Кратовалиева објасни дека во Државната фитосанитарна лабораторија бил донесен примерок од краставица на 5 април годинава, а резултатите од анализата се направени на 7 април.
„Резултатот покажа присуство на 0,02 милиграми остаток од активната супстанца металаксил во килограм што е 25 пати помалку од дозволеното ниво кое изнесува 0,5 милиграми во килограм. Тоа значи дека краставиците се безбедни за консумирање“ - кажа Кратовалиева.
Директорот на АХВ Поповски додаде дека Николовски со денешното обвинување уште покажа тотално непознавање, но и дека работи на собирање политички поени од граѓаните преку ширење лаги, страв и паника.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





