07 Октомври, 2024
0.0475

КРАТКО ТРАЕШЕ: К15 од денеска заминува во историјата?

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикати, Организацијата на работодавачи и стопанските комори, денеска ќе преговараат дали исплатата на регресот за годишен одмор К15 да биде на доброволна основа. Неофицијално помеѓу трите страни е постигната начелна согласност, според која исплатата на регресот ќе се регулира на гранково ниво, односно компаниите кои не се членови на гранковиот синдикат нема да има законска обврска да исплаќаат регрес. Сепак доколку  компанијата има пари и ако работодавачот сака може на своите да го исплати регресот на вработените. Овие предлози ќе бидат пoсочени на денешниот состанок на кој треба да се почнат преговори за промена на општиот колективен договор за приватниот сектор. Првично укинување на исплатата на К15 побараа од Организацијата на работодавачи,кои посочија дека за ваквиот предлог  добиле позитивно мислење и од  синдикатот. По нив укинување на исплатата на К15 побараа и стопанските комори, кои пак посочија дека за да ја запазат законската обврска биле принудени да земаат и кредити. Укинувањето на регресот-една од мерките на бизнис сектoрот во ек на политичка криза Политичката криза која се повеќе се продлабочува веќе влијае негативно врз бизнисот и целокупната економија. Дел од стопанските комори укажаа дека последиците од кризата се веќе видливи. Како клучни ризици од политичката криза ги посочија замрзнувањето на странските и домашните инвестиции, намалената надворешна побарувачка, задолжувањето на државата. Дел од стопнаските комори излегоа и со пакет мерки за амортизирање на последиците од кризата кои ќе ги испратат до владата. Стопанствениците укажаа дека во овој период ќе се воздржат од нови вработувања и зголемување на платите на вработените, а влдата ја повикаа внимателно да го следи одливот и приливот на пари и да не се задолжува за непродуктивни трошења. Меѓу другото бизнисмените посочија дека сега кога земјава се наоѓа во политичка криза за нив е невозможно да се наметнува обврска за исплата која за фирмите значи дополнителен трошок. -Сега за сега ние мораме да се солидаризираме, можно е да се прекине исплатата на регресот к15 затоа што во ваква состојба со празен буџет мора да се размисли паметно и сите граѓани и ние да се солидаризираме со тоа, да не бараме нешто што е нешто заради што ќе се задолжиме што повеќе, изјави Неби Хоџа,претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Законската обврска за исплата на К15 почна лани Законската обврска за исплата на годишен регрес за одмор беше укината во 2005 година и по девет години, со последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор, повторно се воведе лани, и е со важност од само две години, што значи дека  по 2015 година, мерката ќе престане да важи, доколку не се направат нови измени. Регресот К15 е во висина на една минимална плата и фирмите имаат обврска да го исплаќаат еднаш годишно. Законски исплата на К15 можат да земат само оние лица кои работат кај ист работодавач најмалку 6 месеци. Заклучно со декември 2014 година, регресот К15 требаше да биде исплатен на околу 300.000 работници, вработени во приватниот сектор. Компаниите кои не исплатија  К15 заклучно со декември лани беа казнети со глоба од две до три илјади евра за правното лице и до илјада евра за одговроното лице. Но дел од бизнисмените успеаја и итро да ја изигриаат законската обврска. Така  дел од компаниите во обид да ги намалат трошоците а истовремено да го испочитуваат законот ги намалуваа платите на вработените, некои од газдите по исплатата на регресот бараа од вработените истиот да го вратат назад. Имаше случаи кога газдата им дал отказ на вработените, со што прекинал нивниот работен однос, потоа веднаш формирал нова фирма, во која сите повторно ги вработил, но во новата фирма немал обврска да им исплаќа К15 бидејќи условот е работниците да се кај ист работодавец најмалку шест месеци. Од Државниот инспекторат за труд неодамна излегоа со информација дека од контролите што ги спровеле утврдиле дека поголем број работодавачи имаат исплатено регрес за годишен одмор, но сепак до нив, биле поднесени и 70 претставки, од кои 62  од познат подносител и 8 анонимни пријави. Најголем дел од жалбите биле од вработени во текстилни фабрики во Тетово, Битола, Кочани и Скопје, но и од фирми за обезбедување, брокерски куќи, градежни компании и медиуми. Кога стартуваше мерката, бизнисмените регираа дека оваа законска обврска ќе влијае негативно врз нивната финансиска кондиција. Стопанствениците реагираа на нерамноправниот третман помеѓу приватниот и јавниот сектор. Од Организацијата на работодавачи неодамна укажаа дека јавниот сектор уште не го потпишале колективниот договор и ниту пак е обврзан да плаќа К-15. Тие побраа министрството за труд и социјална политика да обезбеди рамноправен третман на приватниот и јавниот сектор кога станува збор за исплата на годишниот регрес.Дел од компаниите побраа и исплатата да не биде задолжителна за оние фирми кои работат со загуба.Но дел од синдикатите пак регираа дека исплатата на регресот не смее да се укине бидејќи се работи за еднократен износ соодветен на македонските услови и кој би можел да го исплаќа секој работодавач. Но и дел од синдикатите побараа исплатата на регресот да важи и за јавниот сектор. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип