05 Декември, 2025
0.0376

Кравјото лудило се врати во Романија, има ли опасност за Македонија?

Објавено во: Агробизнис 03 Јули, 2014 19:31

Добивај вести на Viber

Кравјо лудило е потврдено кај говедско месо од Романија испратено на анализа во лаборатории во Велика Британија. Постои сомнеж дека заразената стока дошла од фарма во селото Деусу или од фарма во Клуж. Болеста била утврдена при редовна контрола во кланица, а позитивното животно било издвоено од синџирот на исхрана и нештетно отстрането. Заради ваквите резултати, Русија експресно го забрани увозот на жива стока, говедско месо и преработки од Романија. Романија уверува дека се придржува до европските процедури и оти нема да дозволи натамошно ширење на болеста. Оваа земја извезува милион грла стока годишно, а главно во Холандија, Италија и Хрватска. Според институциите за безбедност на храна во Македонија, за земјава нема опасност. Речиси незначителна е трговската размена на Македонија со Романија од 1 јануари годинава до денес во однос на говедско месо и производи од месо од говеда, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по информацијата за појава на „кравјо лудило“ или спонгиоформна енцефалопатија кај говедата во Романија. Во овој период се увезени вкупно 13.561 килограми говедско месо и тоа пред 1 мај 2014. Пратките се пропратени со ветеринарно здравствен сертификат издаден од надлежните служби на Република Романија. Агенцијата, како што наведува, ја следи состојбата со болеста преку известувањата на Светската организација за здравствена заштита на животните и доколку постои и најмал ризик по здравјето на граѓаните, ќе преземе соодветни мерки.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?