17 Јули, 2025
0.0344

Креаторот на програмата против загадувањето: Владата соработува, но треба да издвои повеќе пари

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2018 10:24

Добивај вести на Viber

Креаторот на програмата против загадувањето на градовите во Македонија, Александар Дединец, за РСЕ вели дека Владата е отворена за соработка и дека долгорочните мерки како субвенција на возила, промена на оданочувањето ќе го дадат ефектот од половично намалување до 2025-та.

Научниот соработник во МАНУ за енергетика и животна средина, вели дека само еден процент од населението се загрева еколошки и се прават стратегии со кои треба да се најдат изворите на загадување и тие да се тргнат. 

- Ние сакаме проблемот да го решиме систематски, не само да превенираме, туку да се излечиме од овој проблем. Овие краткорочни мерки се превенција, да се адаптираме на загадувањето, да гледаме да го намалиме во моментот, но ние сакаме да ги најдеме изворите кои најмногу придонесуваат за тоа и да можеме да го тргнеме изворот кој придонесува до тоа и затоа нашата визија е за почисто Скопје до 2025 година - вели Дединец.

Се согласува дека Владата преку разни такси и зафати има специјални оданочувања против загадувањето, а на крајот буџетот против загадување за 2019-та е само 1,6 милиони евра.

- Самите граѓаните треба да бидат свесни дека и тие во голем процент придонесуваат за загадувањето. Како што реков, загревањето на домовите, возење со автомобили итн. Направивме истражување заедно со УНДП, анкета за загревањето во Скопје, кое покажа дека и покрај тоа што ние секој ден зборуваме за загревањето во Скопје, само еден процент од луѓето ја одбираат технологијата за греењето на домовите врз основа на еколошките параметри, само еден процент - изјави Дединец.



Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО КОСОВО: Се тресеше и Скопје

ЗЕМЈОТРЕС ВО КОСОВО: Се тресеше и Скопје

ВО ЗИМА ДИШЕМЕ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Каква е состојбата во лето кога ќе пламнат пожарите?

ВО ЗИМА ДИШЕМЕ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Каква е состојбата во лето кога ќе пламнат пожарите?

„ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА СКОПЈЕ Е ЕПТЕН ФОКУСИРАНА САМО НА ОПШТИНА ЧАИР“: Дафина Стојановска вели дека таа игра туѓа политичка агенда, но го осуди насилството врз Арсовска

„ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА СКОПЈЕ Е ЕПТЕН ФОКУСИРАНА САМО НА ОПШТИНА ЧАИР“: Дафина Стојановска вели дека таа игра туѓа политичка агенда, но го осуди насилството врз Арсовска

НИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО НЕ ЗНАЕ КОЛКУ ЛЕКАРИ РАБОТАТ БЕЗ ЛИЦЕНЦА: „Ако еден се појавил ги има и во други градови“

НИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО НЕ ЗНАЕ КОЛКУ ЛЕКАРИ РАБОТАТ БЕЗ ЛИЦЕНЦА: „Ако еден се појавил ги има и во други градови“

АРСОВСКА МУ ВОЗВРАТИ НА МЕЏИТИ: „Ќе ви се сруши врз глава криминалов, буквално!“

АРСОВСКА МУ ВОЗВРАТИ НА МЕЏИТИ: „Ќе ви се сруши врз глава криминалов, буквално!“

БРЗ ПРОДОР НА ПОСВЕЖА ВОЗДУШНА МАСА ОД СЕВЕР: Очекувајте невреме

БРЗ ПРОДОР НА ПОСВЕЖА ВОЗДУШНА МАСА ОД СЕВЕР: Очекувајте невреме

Американската православна црква ја призна на МПЦ – Охридска архиепископија

Американската православна црква ја призна на МПЦ – Охридска архиепископија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна изградбата на најголемиот ветерен парк во регионот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна изградбата на најголемиот ветерен парк во регионот

Кубилиус: Неприфатливо е билатералните спорови да се користат за блокирање на пристапните преговори

Кубилиус: Неприфатливо е билатералните спорови да се користат за блокирање на пристапните преговори