Кредити: Србите бараат за свадби, Хрватите за купување акции, а Македонците за покривање минус на тековна!
Објавено во: Анализа 03 Февруари, 2013 08:35
Трети на листата се денарските кредити за домаќинствата. Просечната каматна стапка на денарските кредити е 8,3%, но во понудата како најскапи се издвојуваат денарските долгорочни кредити што се сметаат за најатрактивни како понуда за граѓаните. За нив банките пресметуваат просечна каматна стапка 10,2%. Токму кај овие кредити анлизата покажува дека во текот на 2012 та година нема значајно намалување на каматата.
Нема поевтинување на кредитите
Неодамна, во интервју за “Фактор“ првиот човек на НЛБ Тутунска Банка и престедател на Здружението на банкари изјави дека ниту годинава не може да се очекува поевтинување на кредитите.
„Каматите на кредитите зависат од цената на изворите и од монетарната политика. Во услови на релаксирање на монетарната политика од средината на 2011 година, а која продолжи и во 2012, дојде до брзо намалување на каматите на кредитите, додека кај депозитите тоа ценовно прилагодување оди многу по споро. Во такви услови се намалува приходот од кој банките може да издвојуваат резерви за покривање на потенцијалните шокови од кредитните ризици кои ги носи економската криза“ – рече Ѓорѓи Јанчевски посочувајќи дека сеуште демне опасноста од зголемување на салдото на нефункционални кредити.
„Со оглед дека се соочуваме со уште една неизвесна година, не очекувам општ пад на каматите на кредитите“ – изјави првиот човек на банкрското здружение .Во обид да направи простор за натамошно намалување на каматите, Народната Банка ја намалуваше основната камата на благајничките записи и интервенираше кај задолжителната резерва. Дел од економистите оценија дека овој потег нема да резултира со поефтини кредити, упатувајќи на тоа дека банките своите слободни пари и натаму ќе ги врзуваат за сигурните и безбедни хартии од вредност на државата и на НБМ што им носат гарантиран приход во време на криза и ризици. Регион: од кредити за свадба – до кредити за гасификација и за купување на акции
Банките во Србија нудат повеќе од 20 видови различни кредити наменети само за граѓаните. Освен класичните форми на кредитирање за нов автомобил, стан и ненаменските потрошувачки кредити, во обид да обезбедат нови клиенти, банките нудат и специјализирани кредити. На менито се кредити за образование, кредити за гасификација, свадбени кредити и кредити за легализација на објекти.
“Фактор“ ги пренесува условите под кои се нудат дел од овие кредити.
Кредитите за гасификација се движат од 500 евра до 50 000 евра. Ги има во понудата на повеќе српски банки, па и кај оние што се целосно во сопственост на странски групации, како Рајфајзен банка и Сосиете Женерал Банка. Зависно од рокот на отплата, каматната ефективната каматна стапка се движи од 10,7% па нагоре.
Како понуда кај дел од српските банки е “Кредитот за свадба“. Една од банките што о нуди како опција е “Хипо Алпе Адриа Банк“. Минималната сума е 500 евра а максималната 10 000 евра. Рокот на отплата на овој кредит може да се движи и до 10 години.
Во исто време, голема понуда на кредити има за стопаството но и за секторот земјоделство. Како позначајни се сметаат токму земјоделските кредити кои се нудат во две форми : како комерцијални кредити и како субвенционирани кредити од државата.
Кредитите за земјоделците, кои ги помага државата се движат од 20 000 евра за инвестиции во помали фирми до 4 000 000 евра за инвестициски прокети во поголемите компании од земјоделскиот сектор.
Хрватска важи за земја чии што граѓани се сметаат за едни од најзадолжените по основ на кредити. Податоците покажуваат дека учеството на кредитите на населението во Бруто Домашниот Производ изнесува 46 отсто.
Во обид да привлечат што повеќе кленти, хрватските банки влегоа во експанзивна понуда.
Како поатрактивни се сметаат станбените кредити. Висината на сумата за станбените кредити и за кредитите за купување на други видови недижности се движи од 15 000 евра до 250 000 илјади евра. Каматните стапки зависат од повеќе фактори: рокот на отплата, дали кредитокрисникот е клиент на банката, од висината на учеството.
Дел од понудата се и автомобилските кредити. Еве што покажува пресметката за тоа колку ќе чини месечната рата за кредит за купување на нов автомобил.
Освен стандардните ненаменски кредити, банките во Хрватска нудат кредити за пензионери, за студенти, за туризам, кредити за рефинансирање и кредити за купување на акции на берза.
Анета Додевска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





