05 Декември, 2025
0.0330

Кредитно животно осигурување

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2012 15:34

Добивај вести на Viber

Кредитно животно осигурување е новиот производ кој на македонскиот пазар го нудат во партнерство Охридска Банка, Граве Осигурување и Сожелајф од Бугарија. Ќе се дистрибуира преку Охридска банка, а како што беше посочено на денешната промоција, придобивки ќе имаат и граѓаните. - Ова е нова понуда што ја немаше досега во банкарскиот сектор. Охридска банка ја подготвуваше понудата подолг период. Помина ригорозна процедура за лиценцирање при што ја приспособи организацијата, информативниот систем и се екипираше со кадар и надлежни лица за следење на вршењето на процесот на застапување во осигурувањето, рече Филип Котора, член на Управниот одбор на Охридска банка. Според него, ова е иновативен производ што ги заштитува и клиентот и банката и овозможува доколку од некој несакан настан корисникот не може да го врати кредитот,  главнината на кредитот ќе ја врати осигурителната компанија од полиса за животното осигурување. Дамиен Марешал, главен извршен директор на Сожелајф, Бугарија, истакна дека искуствата од ваквиот производ се позитивни и во Романија и во Бугарија. Тој, како што рече, ќе придонесе да бидат поефикасни. Главниот извршен директор на Граве, Скопје, Марко Микиќ верува во успешноста на овој, како што рече, хуман проект за граѓаните. Смета дека тој ќе отвори нови перспективи во областа на кредитирањето. Климе Попоски од Агенцијата за супервизија на осигурувањето потенцира дека искуствата покажуваат оти ова е многу важен начин на дистрибуција и оти во јужна Европа, односно во Италија, Португалија, Шпанија... ваквото осигурување учествува со 60 отсто во животното осигурување. Тој додаде дека се повеќе се применува и во Централна и Источна Европа и истакна дека бенефитите ќе ги имаат трите страни. Лиценцата за овој производ од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Охридска банка ја доби во септември, а дозволата од Народната банка на Република Македонија во октомври годинава. Кредитното животно осигурување е наменето за сите типови кредити на населението, а во иднина ќе се покријат и кредитните картички. Може да аплицираат сите физички лица кои поднесуваат барања за нов кредит, како и постојните кредитокорисници. Премијата за полисата за животно осигурување ќе биде пресметана како дел од ануитетот за отплата на кредитот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници