Кредиторите со ултиматум до Грција
Објавено во: Балкан, Економија 25 Јуни, 2015 12:04
Меѓународните кредитори му упатиле ултиматум на премиерот на Грција Алексис Ципрас до пладне да излезе со „остварлив“ предлог, соопштува „Фајненшл тајмс“, цитиран од „Гардијан“.
Весникот забележува дека до 11 часот по бриселско време Ципрас треба да ги претстави работите за економскиот план и доделување на многу потребната за Атина помош од 7,2 милијарди евра.
Според двајца високи извори од еврозоната, ако Ципрас не успее да се разбере со кредиторите на Меѓународниот монетарен фонд, Европската комисија и Европската централна банка, тие ќе и предложат на Грција да „земе или да напушти“.
„Грција не се придвижила воопшто“, изјавил претставник на преговорите, имајќи ги предвид разговорите меѓу Ципрас и лидерите на ММФ, ЕЦБ и ЕК таа ноќ.
„Нивото на разочарување е високо. Не гледам веројатност за договор. Во моментов изгледа многу неприветливо“, додал изворот.
Попладне ќе се одржи уште еден состанок на министрите за финансии од еврозоната, а подоцна денеска започнува самитот на ЕУ.
Според „Ројтерс“, ако Грција не излезе со нови мерки, кредиторите ќе ги претстават свои предлози до финансиските министри.
Во меѓувреме, грчкиот пратеник Алексис Митропулос од владејачката СИРИЗА изјавил дека се борат со картел од кредитори.
„Пораката што Владата треба да ја испрати е дека ние сме горд народ. Нема да дозволиме да бидеме понижени“, предупредил тој.
Тој истакна за „STAR TV“ дека ЕУ и ММФ треба да го почитуваат „демократскиот избор“ на грчкиот народ.
Грција сака главно да се зголемат приходите со кревање на ДДВ-то, додека кредиторите сакаат сеопфатни пензиски реформи и намалување на државните трошоци.
Министерот за вработување на Грција, Панос Скурлетис смета дека кредиторите намерно се обидуваат да ја задушат Грција финансиски.
Сакаат да ја намалат моќта на грчката влада. Нема да има намалување на платите и пензиите, додал тој.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




