Крешник Бектеши: Цел месец помина, нема 7.000 ваучери за клима-уреди
Објавено во: Економија 17 Јули, 2024
Претходниот министер за економија Крешник Бектеши ја повика новата влада побргу да реагира во доделувањето на ваучерите за инвертер клима-уреди. процесот е стопиран поради промена на власта и законските измени на нејзината организација.
„Речиси помина месец дена од нелегитимната Влада… Сеуште не се потпишени решенијата за над 7000 инвертер-клими, како и над 3500 ваучери за туризам!!!Сезоната поминува, граѓаните уште чекаат“, реагира Бектеши на социјалните мрежи.
Поради одземањето на ингеренциите од Министерството за економија и нивното преземање од новото Министерство за енергетика, во неизвесност е исплатата на ваучерите за клима уреди за илјадници граѓани.
Министерството за економија и труд ги доведе во прашање двата јавни повици за инвертер клима уреди и ваучери за туризам и сега се во дискусија од кој буџет да се платат, со оглед на тоа што од ова министерство беа одвоени секторот за енергетика и туризам.
Овие доцнења предизвикаа нервоза кај 20 илјади граѓани кои аплицирале, а клими требаше да добијат само 8.000 од нив. Министерот за економија Бесар Дурмиши рекол дека треба да се преиспита постапката.
„Јавниот оглас беше од секторот за енергетика, кој беше во рамките на Министерството за економија, додека документите ги процесуираше и обработуваше секторот за туризам или други. Се соочивме со такви пропусти што вообичаено е потребно да се прегледаат сите документи за аплицирање и формата во која се процесуирани. Ќе видиме што ќе правиме понатаму со тие случаи, кои ги најдовме и видовме индикации за такви злоупотреби“, рече Дурмиши.
Сепак, сè уште не е познато кога ваучерите ќе бидат подигнати или дали ќе се откажат.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.