Крешник Бектеши: Поскапена струјата за 50 отсто за 65.000 фирми
Објавено во: Економија 22 Август, 2024
Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, на социјалните мрежи објави дека 65.000 фирми, кои се водат како мали потрошувачи на регулираниот пазар на универзалниот снабдувач, добиваат за 50 отсто повисоки сметки за електрична енергија од 1 јули. Оваа одлука поминала без властите да ја информираат јавноста за тоа.
„Зголемена цената на електрична енергија, без најава од Владата, за над 65.000 компании. И тоа од 8.8 ден/кWh на 13.37 ден/кwh, или над 50%!
Ова одлука, освен што ќе влијае негативно на ликвидноста на микро и малите компании ќе ги зголеми цените на прехранбените производи!“,алармира доскорешниот министер за економија.
Според актуелниот официјален ценовник на Регулаторната комисија за енергетика, малите потрошувачи од први јули плаќаат единствена цена од 13,37 денари од киловатчас.
Претходната цена која важела од 1 јануари 2024 била 11,93 денари по киловатчас во високата тарифа и 8,78 денари по киловатчас во ниската тарифа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.