29 Ноември, 2024
0.0338

Крешник Бектеши: Веднаш треба да се намалат цените на транспортот

Објавено во: Економија 08 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Крешник Бектеши се согласува дека во изминатиот период рапидно е намалена цената на дизелот и на другите нафтени деривати, што значи и дека е дојдено време такси-службите и меѓуградскиот автобуски транспорт да ги намали скапите цени и тарифи.

Министерот смета дека не е праведно истите високи цени да се задржат, иако енормно поевтинија сите горива во изминатиот период на берзите., но додава дека за креирање на ценовна политика во таа дејност е надлежно Министерството за транспорт и врски. Тој вели дека овој ресор треба да дејствува исто како кога неговото министерство носело одлуки за замрзнување на цените на одредени цени кај прехранбените производи.

- Во делот на креирање на политиките таму не е надлежно Министертсвото за економија, туку Министерството за транспорт и врски и еве јас можам да ги повикам сите надлежни институции да разгледаат одредени можности за тие цени да се намалат. Логично е веднаш да има намалување во делот на цените за транспорт, имајќи ги во предвид цените на нафтените деривати, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Бектеши е уверен дека трендот на намалување на цените на храната ќе продолжи и понатаму, затоа што се намалени како што рече тој, трошоците на производителите за репроматеријалите, електричната енергија и за гориво.

- Разликата во трошоците за живот и цени на мало за храна и безалкохолни пијалоци е падната за 5,2 отсто во периодот од март 2023 до април 2023 за еден месец. Ако во април инфлацијата на храната била 21,7 отсто, сега е 16,5 во април. Тоа значи дека мерките го дадоа својот резултат. Тоа не е само поради делот на замрзнување на цени, туку и во делот на контролирање на ланецот на трговијата, почнувајќи од производителите па до потрошувачот, смета Бектеши.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон

Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон

Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето

Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични