05 Декември, 2025
0.1645

Кристин Лагард: Ударот допрва доаѓа

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2025 16:25

Добивај вести на Viber

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, вчера изјави дека глобалната економија сè уште не ги почувствувала целосните последици од царините што ги воведе претседателот на Соединетите Американски Држави(САД), Доналд Трамп, нагласувајќи дека „ударот допрва доаѓа“.

Зборувајќи во емисијата „Face the Nation“ на Си-Би-Ес, Лагард изјави дека во одреден момент извозниците и увозниците, кои во моментов го носат товарот на царините, ќе мора да ги префрлат трошоците на потрошувачите.

„Две третини од царинските трошоци моментално ги сносат две страни, извозникот и увозникот, преку намалување на нивниот профит. Прашањето е колку долго ќе се согласат на намалените маржи. Кога ќе одлучат дека повеќе не можат да го издржат притисокот, трошокот ќе падне на товар на потрошувачите. Тоа е само прашање на време“, истакна Лагард.

Лагард, исто така, изјави дека царинските давачки се еден од двата клучни фактори што доведоа до „трансформација“ на светската економија, додека другиот е забрзаниот технолошки напредок, особено во областа на вештачката интелигенција.

Коментирајќи ги моменталните трговски тензии меѓу Соединетите Американски Држави и Кина, Лагард оцени дека дел од нив го претставуваат преговарачкото позиционирање на двете страни.

Лагард, која е на чело на Европската централна банка од 2019 година, претходно беше министерка за надворешна трговија во Владата на Франција и директорка на Меѓународниот монетарен фонд.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава