31 Октомври, 2024
0.0271

Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во „dm дрогериe маркт“: „Посакувам да постоеше Бести кога бев студентка“

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

На позитивните промени им нема крај! dm дрогериe маркт“ и овој пат нѐ изненади со својот борбен дух и силен пристап кон предизвиците во нашето општество. Сведоци сме на голем број позитивни кампањи и промени што ги има донесено „dm дрогериe маркт“ во нашето општество. Овој пат компанијата ја започнува својата кампања „Никогаш повеќе сама“. Преку овој дел од кампањата, кој е продолжение на повеќемесечната кампања за менструална правда, компанијата најави значајна акција насочена кон поддршка на студентките кои се дел од образовните процеси на државните универзитети во Македонија.

Предводник на тимот што стои зад оваа општественоодговорна кампања е Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во „dm дрогериe маркт“. Неодамна таа во име на компанијата веќе го објави тековниот процес на поставување на над 200 диспанзери со бесплатни хигиенски влошки од марката „Jessa“ во женските тоалети на сите државни универзитети, за што оваа година се одвоија 1,5 милиони денари, а за наредната година се проектираат над 2,5 милиони денари. Покрај тоа, подготвуваат уште голем број интересни активности и содржини кои го привлекоа нашето внимание. Токму затоа разговаравме со Кристина Дуранска, која ни ги откри сите детали поврзани со кампањата кои нам многу ни се допаднаа, а сигурни сме дека ќе ви се допаднат и вам.

1. Како се роди идејата за поставување диспанзери со хигиенски влошки на државните универзитети во земјата?

Менструалната сиромаштија е предизвик за жените во Македонија, но и за жените на меѓународно ниво. До овој заклучок дојдовме преку големото меѓународно истражување кое ни ги даде одговорите. Резултатите велат дека близу 60 % од жените гледаат на менструацијата како на тешка тема, а секоја трета девојка била неинформирана за првиот менструален циклус. Дополнително, секоја трета девојка се нашла во ситуација да не може да купи менструални производи, што се потврдува и со податокот што го добивме дека голем број жени не можат да си дозволат да купат менструални производи.

Преку него сфативме дека менструалната сиромаштија е реалност за многу жени. Добивме информации дека дел од нив користеле тоалетна хартија, рачно изработени хигиенски влошки или, пак, крпи. Поставувањето на диспанзерите на универзитетите е уште еден начин да покажеме дека сме тука за нив. Со оглед на фактот што и најголем дел од нашите вработени, но и купувачи се жени, сакаме секоја жена да чувствува дека има поддршка во предизвикувачките моменти. Со оваа акција, не само што обезбедуваме бесплатни хигиенски влошки за студентките и продолжуваме со борбата за секоја жена во Македонија туку и испраќаме порака дека менструацијата не е табу, туку е природен процес кај жените.

2. Како „dm дрогериe маркт“ ги поддржува студентките преку „Никогаш повеќе сама“?

Нашата цел е да ги поддржиме жените во секој аспект од нивниот живот. Во изминатите месеци првично ги намаливме цените на менструалните производи од нашата сопствена марка „ Jessa“ на долгорочно ниво, со што се потрудивме барем малку да им олесниме на сите девојки и жени. Потоа организиравме настани посветени на физичкото, менталното и социјалното здравје. Преку нив дадовме поддршка за секоја жена, а веќе од октомври преку кампањата „Никогаш повеќе сама“ се насочивме повеќе кон студентките од државните универзитети давајќи им поддршка во најнепредвидливите моменти. Покрај поддршката преку диспанзерите со бесплатни хигиенски влошки од нашата приватна марка „Jessa“, планираме и други активности, како панел-дискусии, едукативни, но и забавни содржини, кои ќе го збогатат знаењето и ќе ја зајакнат свесноста за менструалното здравје во Македонија.

3. Што значи слоганот „Никогаш повеќе сама“ за „dm дрогериe маркт“?

„Никогаш повеќе сама“ го претставува нашето ветување дека ќе бидеме тука за секоја жена. Овој слоган е израз на поддршка и разбирање, кој го користиме за да им покажеме на жените дека не се сами во своите предизвици и дека можат да се потпрат на нас како нивна сигурна и постојана поддршка, кога станува збор за менструалното здравје.

4. Која е Бести и каква улога има во кампањата?

Бести е замислена како најдобрата другарка на секоја студентка, девојка, жена... таа е симболот на поддршката и сигурноста што ја нуди нашата кампања. Бести ја има улогата на најдобрата другарка која секоја девојка би сакала да ја има до себе во предизвикувачките и непредвидливи моменти, кога станува збор за менструалното здравје. Бести веќе им се обрати на сите девојки, им ја даде својата поддршка и ветување за подобри услови за сите девојки и жени во Македонија. Таа ќе биде тука во текот на целата кампања, како најдобра другарка во друштвото на девојки за позитивни промени. Искрено, посакувам да постоеше Бести кога бев студентка.

5. Каква беше поддршката од универзитетите и Министерството за образование за оваа кампања?

Соработката со универзитетите и Министерството за образование беше од клучно значење за успешен почеток и тек на процесите за оваа кампања. Тие веднаш ја препознаа вредноста на проектот и се заложија за соработка која продолжуваме да ја негуваме и понатаму. Особено сме благодарни на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Климент Охридски“, Универзитетот во Тетово, „Гоце Делчев“, Универзитетот на Југоисточна Европа, „Св. Апостол Павле“ и „Мајка Тереза“ за одличната комуникација и поддршка во процесите. Да не заборавам да испратам благодарност и до Министерството за образование и министерката Весна Јаневска и нејзиниот тим, кои постојано ја даваат нивната несебична поддршка кон реализација на проектот.

6. Како планирате да продолжите да ја подигнувате свесноста за менструалното здравје кај студентките, но и генерално кај жените во Македонија?

Наша цел е жените да добијат квалитетни информации и поддршка преку едукативни работилници, панел-дискусии и поткасти, кои ќе им помогнат подобро да разберат како да се грижат за своето здравје. Токму затоа, следејќи ја пораката „Се грижиме една за друга“, во јуни, јули и август се одржаа повеќе настани посветени на физичкото, менталното и емотивното здравје на жените. „dm дрогериe маркт“ го отпочна и „Женски ритам“, првиот поразличен поткаст посветен на секоја жена. Креиравме четири уникатни епизоди кои зрачеа со поддршка, искуства, знаења, совети, но пред сèсо женската енергија на нашите гостинки.

Продолживме со „{ЗАЕДНО} едни за други“, повик за поддршка на проекти од областа на менструалната сиромаштија, кој го објавивме по вторпат. Ги одбравме најдобрите шест проекти кои ќе донесат подобри услови за секоја жена во поглед на менструалната хигиена, гинеколошките прегледи, грижата за себе во најболните денови од циклусот, но и за време на менопаузата, а за реализацијата на сите шест проекти одвоивме над три милиони денари. На сето ова се надоврзавме со поддршката за студентките преку кампањата „Никогаш повеќе сама“, која започнува сега, а ќе трае до крајот на 2025 година.

7. Кои други начини ги разгледувате за подобрување на пристапноста до хигиенските производи?

Покрај сите проекти и активности посветени на менструалната сиромаштија и намалените цени на менструалните производи од нашата приватна марка „Jessa“, донесовме уште неколку клучни одлуки. Во текот на 2024 и цела 2025 година редовно ќе ги дополнуваме диспанзерите на сите државни факултети со бесплатни хигиенски влошки, продолжуваме со нова едукативна и инспиративна сезона од нашиот поткаст, подготвуваме и голем број настани и активности со кои активно ќе ги поддржуваме жените во нашата земја и ќе работиме на позитивни промени на статистиките кои се однесуваат на Македонија.

Очекуваме дека нашиот пример со бесплатни менструални производи ќе ги следат и компаниите, другите образовни установи, здравствените установи и институциите, со што ќе ја направиме менструацијата поприфатлива тема. Тоа го потврдува и фактот кој вели дека дури 90 % од анкетираните жени во Македонија се согласуваат дека е важно да има бесплатни менструални производи во јавните објекти. Силно веруваме дека овие предизвици ќе бидат надминати со одлични решенија кои ќе донесат подобри услови за секоја жена во Македонија.

Дуранска верува дека позитивната практика ќе ја следат и другите образовни и државни институции во земјата, но уверува и дека поддршката не застанува тука. „Никогаш повеќе сама“ е само почеток на позитивните промени во Македонија, кога станува збор за менструалното здравје. Следете ги сите новости поврзани со кампањата „Никогаш повеќе сама“ и бидете во тек со идните настани кои продолжуваат во наредниот месец. Најновите содржини и активности ќе ги најдете на Фејсбук, Инстаграм, Тик-ток и Линкдин, а за видеообјавите посетете го нивниот јутјуб-канал. За ексклузивни вести и корисни совети од Бести, приклучете се на нивниот вибер-канал. Менструалната правда е на повидок, а до нејзиното реализирање важно е да останеме сплотени заедно со заедничка цел – подобри услови за секоја жена, сега!

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Фондацијата Др. Верица Механџиска и Зегин ги обединуваат светските и домашните експерти за аутизам и АДХД на конгрес во Скопје

Фондацијата Др. Верица Механџиска и Зегин ги обединуваат светските и домашните експерти за аутизам и АДХД на конгрес во Скопје

Dioptra Optics ексклузивно ја претстави најновата колекција на Valentino очила во Македонија

Dioptra Optics ексклузивно ја претстави најновата колекција на Valentino очила во Македонија

Конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје: „Економски потенцијал и развојни можности на Македонија“

Конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје: „Економски потенцијал и развојни можности на Македонија“

Халкбанк го одбележа Меѓународниот ден на штедењето со низа активности за поттикнување позитивни финансиски навики кај децата

Халкбанк го одбележа Меѓународниот ден на штедењето со низа активности за поттикнување позитивни финансиски навики кај децата

УНИБанка го одбележа месецот на штедење со финанскиска едукација за деца и млади

УНИБанка го одбележа месецот на штедење со финанскиска едукација за деца и млади

Гледајте 30 дена бесплатно! Откријте повеќе од 300 канали и подобреното искуство на гледање на MOVE од МТЕЛ

Гледајте 30 дена бесплатно! Откријте повеќе од 300 канали и подобреното искуство на гледање на MOVE од МТЕЛ

Македонски Телеком продолжува со успешно работење и раст и во третиот квартал од 2024 година

Македонски Телеком продолжува со успешно работење и раст и во третиот квартал од 2024 година

Ananas – Место каде можеш да купиш сè, па дури и автомобил!

Ananas – Место каде можеш да купиш сè, па дури и автомобил!

Елеганцијата оваа есен го носи името Dan John!

Елеганцијата оваа есен го носи името Dan John!