19 Декември, 2025
0.0463

Критична вечер за судбината на Грција

Објавено во: Балкан, Економија 22 Јуни, 2015 19:01

Добивај вести на Viber

Европските лидери се собираат вонредно вечерва во Брисел во последен обид да се договорат со премиерот Алексис Ципрас и да ја спасат Грција од државен банкрот. Големо прашање е ќе замине ли земјата од еврозоната и ќе се врати ли на драхмата како национална валута наместо еврото.

Се очекуваше денеска да има решение за новите предлози за реформи на Атина. Алексис Ципрас пристигна уште во неделата насмеан и охрабрен, но министрите за финансии на еврозоната не зедоа никакво решение денес.

Предлози во последен момент

Атина претстави во последен момент нови предлози. Тие не се објавени официјално, но според грчкиот печат се поврзани со зголемување на даноците и со пензионирањето. Извор од Брисел ги опишаа како добра основа за постигнување на напредок, но според германскиот министер за финансии тие не содржат ништо ново.

Без значајни предлози, кои ќе бидат разгледани сериозно, не можеме сериозно да го подготвиме самитот на еврозоната", коментира Волфганг Шојбле.

А канцеларката Ангела Меркел најави дека преговорите вечерва може да имаат само советодавна природа, ако Атина не се разбере со доверителите. "Само ако трите институции кредитори излезат со конечна препорака, министрите за финансии или владините лидери ќе можат да донесат одлука", коментира германскиот канцелар.

Грчкиот премиер прогласи договор кој ќе ги задоволи двете страни. "Време е за содржински и спроведливо решение кое ќе ја врати Грција кон економски раст во рамките на еврозоната", рече Ципрас.

Тој, сепак остана тврд во најконтроверзните точки во преговорите, вклучувајќи го намалувањето на платите и пензиите.

Повеќето лидери сметаат дека одлуката ќе биде донесена кон крајот на оваа недела. Рокот за Грција да се раздолжи на ММФ истекува на 30 јуни. Најверојатно решение за Грција нема да биде донесено денеска, а подоцна оваа недела.

Грчкото општество е поделено

Дел од грчкото општество не гледа на самитот на ЕУ како обид за спасение на Грција, а токму спротивното. Грците се силно поделени во ставот на Европа, еврото и воопшто геополитичката ориентација на земјата. Оние кои сакаат излез од еврозоната и ЕУ, се собраа на централниот атински плоштад синоќа.

Против нови намалувања на пензиите и поддршка за владејачката крајна левичарска партија Сириза се најавија неколку илјади на плоштадот пред грчкиот парламент синоќа.

Вечерва се очекува на истото место да се соберат пак приврзаници на еврото и останувањето во еврозоната.

Од одлуките на самитот зависи дали утре ќе има паника и масовно повлекување на депозити. Се очекува тоа да не се случи.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен