05 Декември, 2025
0.0349

Крива Паланка ќе добие пакистанска инвестиција од 1,3 милиони евра

Објавено во: Економија 14 Декември, 2012 15:29

Добивај вести на Viber

Прва пакистанска инвестиција во Република Македонија од прехранбената индустрија со вредност од околу 1,3 милиони евра е токму откупувањето на Кланицата со ладилник од поранешната З.З. „Малина“.

Ревитализацијата на кланицата, како и изградбата на новиот погон за месни производи кои најпрво ќе се пласираат во државата, а јагнешкото месо ќе се извезува и во земјите од арапските емирати се планирани во оваа инвестиција.

Во овој сегмент ќе бидат развиени и кооперантските односи со индивидуалните земјоделски производители и со земјоделските претпријатија за јагниња и јунци и храна, а потоа, при примопредавањето на стоката, ќе се рефундираат и остварените добивки на земјоделците или претпријатијата.

Предвидено е веднаш да се вработат до 60 лица, а со кооперантските односи овој број значително би се зголемил.

Доколку дозволат временските прилики, овој инвестициски проект треба да се реализира во периодот март - јуни следната година.

Развојната компонента на групацијата „Џонсон и Филипс - Агро“ од Пакистан предвидува вложување на уште од 3-4 милиони евра на претходни бизнис испитувања.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката