18 Јануари, 2025
0.0322

Кривичен се правда: „Пуч“ не се одложува поради поротниците

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Основниот суд Скопје 1 Скопје по одложувањето на денешната главна расправа за случајот „Пуч“ во соопштение наведува дека досега за овој предмет биле закажани 10 главни расправи, од кои шест биле одложени бидејќи обвинетите биле на службени патувања, три расправи биле одложени по барање на СЈО, а само минатата расправа била одложена заради болест на еден од судиите – поротници.

„Со цел да не дојде до одредени манипулации ја потсетуваме јавноста дека по конкретниот предмет беа одржани 10 главни расправи од кои шест беа одложени бидејќи обвинетите постојано беа на службени патувања, потоа три расправи беа одложени по барање на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), од кои една расправа заради приватна прослава на обвинителката Јанева, а само минатата расправа беше одложена заради болест на еден од судиите – поротници, нешто што не може да се предвиди. Оттаму нејасно е како Судот го одолговлекува предметот повеќе од една година, како што обвинуваат странките“, реагираат од Кривичен суд.

Оттаму посочуваат дека главната расправа за „Пуч“ денеска е одложена откако претседателот на судечкиот совет, надлежен да постапува по овој предмет, пред присутните констатирал дека еден од судиите – поротници, по неговото лично барање бил разрешен од советот, а со одлука на претседателот на Судот, по барање на претседателот на советот, назначен е нов судија – поротник, како и дополнителен судија – поротник, за кои и покрај барањата и ургнециите за итност, испратени од претседателот на Судот, се уште не се доставени безбедносни сертификати за постапување и увид во класифицирани информации и податоци, кои се неопходни за новоназначените судии – поротници да постапуваат по конкретниот предмет.

„За сето тоа на денешната главна расправа, во присуство на јавноста беа известени странките во постапката, како и присутните претставници на медиумите, а главната расправа беше одложена на неопределно време, односно се додека неопходните сертификати не бидат доставени до Судот“, пишува во соопштението од Кривичниот суд.

Можеби ќе ве интересира

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЖОРО СЕ СРЕТНА СО ЗЕЛЕНСКИ: Еве што му порача

ЖОРО СЕ СРЕТНА СО ЗЕЛЕНСКИ: Еве што му порача