Кривичен суд денес одлучува за Морина, Македонија помеѓу два огна
Објавено во: Македонија 05 Август, 2019 06:50
Кривичниот суд денеска ќе одлучува за екстрадицијата што ја бара Србија преку Интерпол на поранешниот член на ОВК; Томор Морина, како обвинет за воени злосторства над цивилно население. Тој беше уапсен во Македонија на Блаце пред повеќе од една недела, а во меѓувреме и Косово и Србија се заканија со нарушување на односите во зависност од тоа како ќе се постапи со притворениот.
Македонија е потписник на Европската конвенција за екстрадиција, а по пристигнатото барање од Белград за негова екстрадиција, денеска ќе одлучува Судот. Во меѓувреме, функционери од албанските партии во земјава, меѓу кои и вицепремиерот Бујар Османи, отворено побараа негово ослободување.
Османи побара од Кривичниот суд да му дозволи да го посети Морина во притвор, но беше одбиен, а потоа рече дека нашол начин да му пренесе порака дека „нема шанси да биде екстрадиран“. - Најважно е ни час повеќе да не се придонесува кон регионалната нестабилност, ваквите деструктивни појави го поткопуваат најважното нешто – а тоа е придонесот на Македонија кон помирувањето и трајниот мир во регионот – изјави Османи.. Кога Србија ќе добие одговор зависи од тоа дали документацијата е комплетна и дали судот ќе побара дополнителни информации. Конечната одлука за Морина ќе ја донесе Министерството за правда. Премиерот Заев одговарајќи на пратеничко прашање рече дека за овој случај важи меѓународното и домашното право.
- Владеењето на правото и почитувањето на меѓународни узанси и правила е норматив, европска вредност која и вие и јас и сите се залагаме. Потерницата е стигната од Интерпол, не е ниту од Вучиќ или Милошевиќ. Од Интерпол каде сме членка и каде сме гласале и Косово да биде членка, без разлика што Србија е против. Постапките ги води надлежен обвинител и за нив одлучува надлежен судија, ниту ги води Заев, ниту Спасовски, ниту Агим Нухиу, ниту кој било од Владата, рече Заев во Собранието.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




