Кривична пријава за наставник од Струмица осомничен за полов напад врз дете
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2022 13:56
СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица осомничен за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години” , казниво по член 188 од Кривичниот законик.
Пријавениот, наставник во основно училиште во Струмичко, соопштија денеска од МВР, е осомничен дека во периодот од октомври 2020 до април 2022 година преку социјална мрежа фејсбук праќал пораки на малолетна ученичка во училиштето, со кои сакал да ја наведе на сексуален однос, а во два наврати и ја допирал по телото.
– На 20.05.2022, таткото на девојчето го пријавил случајот во полициска станица и приложил докази, по што биле преземени мерки и наставникот на 21.05.2022 бил лишен од слобода во Куманово, а подоцна бил спроведен во СВР Струмица и со него бил извршен службен разговор - се вели во соопштението од МВР.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




