18 Декември, 2025
0.0776

КРИВИЧНА ЗА ЖИТЕЛ НА МАРИНО - со своето возило без проверка на улицата удрил во мопед при што повредил двајца малолетници

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2025 21:17

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник од Гевгелија осомничен за -Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, при сообраќајка во Марино, соопшти вечерва Јавното обвинителство

Како што информираат, осомничениот, околу еден часот по полноќ денеска, во селото Марино, управувал автомобил „Хјундаи тусон“ спротивно на член 25 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, така што со возилото најпрво преминал на левата страна од коловозот, а веднаш потоа свртел во десно, без претходно да се увери дека тоа може да го направи без опасност по другите учесници во сообраќајот. Како резултат на тоа, при наглото свртување, во десниот страничен дел од возилото со кое управувал удрил мопед „Јијинг“ без истакнати регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник. Од ударот, возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, кои во моментот на несреќата не носеле заштитни кациги, се здобиле со тешки телесни повреди. Со полесни телесни повреди се здобил сопатникот во автомобилот „Хјундаи тусон”.

- Со извршените анализи, кај двајцата возачи по несреќата не е утврдено присуство на алкохол или други супстанции во крвта. По наредба на јавен обвинител ќе се изврши сообраќајно вештачење, а автомобилот и мопедот се подигнати за вонреден технички преглед, велат од Обвинителството.

Имајќи ги предвид сите околности, со цел обезбедување на присуството на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител предложил да се определат  мерки на претпазливост – привремено одземање на патна исправа и привремено одземање на возачката дозвола.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје