Кривични пријави за сендвичарниците кои предизвикаа масовни труења
Објавено во: Агробизнис
03 Септември, 2014 19:15
Добивај вести на Viber
Две сендвичарници - „Стефани-А“ во Драчево и „Жу-Жу бургер“ во Центар ќе добијат кривични пријави откако се потврди дека со храната што ја продавале затруле десетици лица.
„Жу-Жу бургер“, одговорна за труење на десетина лица, ќе добие две кривични пријави - една за пуштање во промет на штетни прехранбени продукти, а другата затоа што ја отстранила лентата за забрана за работа од Државниот здравствен и санитарен иснпекторат и наместо тоа ставила знак „Објектот се реновира“.
Сендвичарницата ќе добие и прекршочна пријава, бидејќи не извршила здравствени превентивни прегледи на вработените и не спровела дезинфекција и дератизација на објектот.
Кривична пријава ќе добие и сендвичарницата „Стефани-А“ во Драчево, од која 50-тина лица добија труење со храна. Освен ова двете сендвичарници ќе треба да платат и парични казни од по 6.000 евра.
Институциите најавуваат засилени контроли во угостителските објекти кои продаваат храна, особено откако се утврди дека сендвичарницата од Драчево веќе третпат предизвикува масовно труење. Освен ова ќе се подготват и законски измени за зголемување на казните за вакви дела.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?