25 Ноември, 2024
0.0356

Криза е, протекционизмот во светот ќе расте… или можеби нема?

Објавено во: Анализа 16 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Во последно време постојано читаме написи за потенцијалните трговски војни и спорови кои се случуваат помеѓу различни земји. Според Светската трговска организација бројот на споровите водени во таа организација неколкукратно пораснал од 2011 до 2012 година. Па така во 2011 година водени се девет спорови за протекционизам, додека пак во 2012 дури 25.

Најголем учесник во споровите е САД. Тоа е очекувано бидејќи САД се и најголема економија и земја која најмногу учествува во надворешниот промет во светот. Нормално како што јакне силата на Кина, така и таа е се повеќе страна во овие спорови.

Но информациите што доаѓаат од светската трговска организација велат дека и покрај се ова не е бројка која треба да загрижува. Значи имајќи го во предвид нивото на надворешна трговија во светот, оваа бројка на спорови е сосема задоволителна и не значи дека светот влегува во период на зголемен протекционизам. Она што загрижува е дека од 2008 година има се повеќе мерки на протекционизам отколку што има за слободна трговија. Без дилема како што кризата го завзема просторот, така секој земја сака да си ја заштити својата економија. Во моментов сепак за утеха е дека нема преголеми нови мерки за заштита.

Светската трговија лани е порасната за 2,5%, темпо кое е помало од тоа што беше првично предвидено. Како што се ревидираат проекциите за растот  така се ревидираат и проекциите за трговијата во светот. Со забавувањето на најголемите пазари во светот се намали и нивото на размена на стоки во светот.

Европа во моментов е најранливо подрачје. Ситуацијата можеби по малку почна да се смирува, но сега на хоризонтот е повторно Италија каде може да избие нова криза. Ова секако не е добро ниту за Европа, ниту за опоравувањето во светот. Факт е дека доколку кризата продолжи владите ќе стануваат се понерворзни во обид да ги заштитат своите економии. Засега слободна трговија игра главна улога, да се надеваме дека така ќе остане и во иднина.

Редакција Фактор

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.