16 Мај, 2024
0.0373

Криза во политичкиот врв на Алжир поради болест

Објавено во: Свет 27 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Во Алжир во моментов кулминира мобилизацијата на службите во државниот врв. Причините се здравствената состојба на Брахим Гали, лидерот на движењето Полисарио и таканаречениот претседател на ШАДР која нагло се влошува од 15 септември годинава, такашто тој мораше да биде хоспитализиран во Алжир.

Расте загриженоста во Алжир за иднината и можната загуба на главниот човек на режимот за работите поврзани со претензиите за одделување на Западна Сахара. Таквиот исход би ја разнишал стратегијата на Алжир, особено бидејќи видно нема никој кој би можел да го наследи.

Брахим Гали беше „избран“за Генерален секретар на Фронтот Полисарио, но исто така и за претседател на прогласената ШАДР во јули 2016, со сталинистички број на гласови во негова корист од 93.16%. Брахим Гали тогаш го замени Мохамед Абделазиз кој почина на 31 мај истата година, по долго боледување.

Брахам Гали страда од хепатитис Ц кој е во многу напреден стадиум и веќе резултира во цироза на црниот дроб. Информациите за неговата физичка онеспособеност се проширија еден ден по неговиот избор за водач на Фронтот. Ситуацијата е уште покритична и поради тоа што и здравствената состојба на неговиот шеф, алжирскиот претседател Абделазиз Боутефлика, е критична откако имаше мозочен удар во 2013. Оттогаш, неговите појавувања во јавноста се ретки иако власта во Алжир апсолутно сака да го одржи во живот и активен.


Можеби ќе ве интересира

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?