01 Октомври, 2023
0.0227

КРИЗАТА ГИ „СКАСТРИ“ МИЛИЈАРДЕРИТЕ, РУСКИТЕ СЕ „НАЈОТПОРНИ“ - еве колку луѓе во светот го имаат тоа богатство

Објавено во: Финансии 03 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Светските милијардери минатата година „ослабнаа“ и по вкупното богатство, но и по вкупниот број на поединци кои според последните податоци можат да се пофалат дека припаѓаат на овој елитен клуб.

Листата на милијардери на Алтрата покажува дека САД сè уште целосно доминираат на рангирањето со 955 милијардери, по што следи Кина на второ место со 357 и Германија на трето место со 173 милијардери.

Сите три земји забележаа пад на милијардери во 2022 година, при што Америка забележа пад од 2,1 отсто на годишно ниво, Кина 10,8 отсто и Германија 1,7 отсто, пишува FOX Business.

Извештајот покажа дека во 2022 година е забележан прв годишен пад на глобалната популација на милијардери од 2018 година. Имаше пад од 3,5 проценти на 3.194 поединци во она што аналитичарите го нарекоа „година на крајности“, посочувајќи на нестабилноста на глобалниот пазар, војната на Русија во Украина, историски високата инфлација и монетарното стегање.

Вкупното богатство на милијардерите исто така се намали, паѓајќи за 5,5 отсто на 11,1 трилиони долари, што е втор најголем пад во една деценија.

Според Алтрата, милијардерите чие богатство е силно поврзано со технологијата, здравството и недвижностите забележале најголем пад на нето-вредноста, додека оние чие богатство е поврзано со индустриите како што се воздушната, одбраната, градежништвото и храната и пијалоците покажале најголема отпорност.

Две земји забележаа пораст на милијардери

Од првите 15 земји-милијардери, само две забележаа зголемување на нивната популација на милијардери. Популацијата на милијардери во Русија се зголеми за 4,7 проценти на 112, додека Сингапур забележа пораст од 8 проценти на 54. Можеби не е изненадувачки што првите градови со милијардери забележаа слични трендови.

Њујорк изгуби двајца милијардери минатата година, но сè уште ја држи најголемата популација на милијардери во светот со 136. Хонг Конг исто така загуби неколку милијардери, но сепак е на второто место со 112, а Сан Франциско е трет со 84, откако загуби еден милијардер во 2022 година.

(Фокс бизнис)

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНА ГОДИНА КРЕДИТИТЕ НА ФИРМИТЕ ИМ ПОСКАПЕЛЕ ЗА ДВА ПРОЦЕНТНИ ПОЕНИ - еве какви се другите каматни стапки

ЗА ЕДНА ГОДИНА КРЕДИТИТЕ НА ФИРМИТЕ ИМ ПОСКАПЕЛЕ ЗА ДВА ПРОЦЕНТНИ ПОЕНИ - еве какви се другите каматни стапки

ИЗМАМЕНИ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДОРМЕО: Останаа без работа, а немаат ни плата, се активираат и синдикатите во Србија

ИЗМАМЕНИ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДОРМЕО: Останаа без работа, а немаат ни плата, се активираат и синдикатите во Србија

ПОМАЛКУ ПАРИ ЗА ВЛАДАТА И СОБРАНИЕТО: Прераспределбата на средствата од буџетот пред Комисијата за финансирање и буџет, еве каде се кратат средства

ПОМАЛКУ ПАРИ ЗА ВЛАДАТА И СОБРАНИЕТО: Прераспределбата на средствата од буџетот пред Комисијата за финансирање и буџет, еве каде се кратат средства

ЛИЧНИ ПРИЧИНИ, ЗГОЛЕМЕНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ОБВРСКИ ВО ДРУГИТЕ АНГАЖМАНИ - Миле Зечевиќ поднел оставка од функцијата член на Надзорен одбор во Стопанска банка Битола

ЛИЧНИ ПРИЧИНИ, ЗГОЛЕМЕНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ОБВРСКИ ВО ДРУГИТЕ АНГАЖМАНИ - Миле Зечевиќ поднел оставка од функцијата член на Надзорен одбор во Стопанска банка Битола

РУСИЈА СЕГА ГИ ДРЖИ КОНЦИТЕ: Купија ланец трговски центри

РУСИЈА СЕГА ГИ ДРЖИ КОНЦИТЕ: Купија ланец трговски центри

НОВО од Комерцијална банка - Пакет бесплатни производи и дигитални услуги за млади без плата

НОВО од Комерцијална банка - Пакет бесплатни производи и дигитални услуги за млади без плата

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО РУСКАТА РУБЉА? Министерството за економија ги соопшти деталите

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО РУСКАТА РУБЉА? Министерството за економија ги соопшти деталите

ИМА ЛИ ВРСКА СО НАЈАВАТА ЗА ПРИСОЕДИНУВАЊЕ, ИЛИ НЕ - во блок трансакции купени поситни проценти акции на Стопанска банка Битола

ИМА ЛИ ВРСКА СО НАЈАВАТА ЗА ПРИСОЕДИНУВАЊЕ, ИЛИ НЕ - во блок трансакции купени поситни проценти акции на Стопанска банка Битола

КАКО ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Заработуваат и до 3.500 евра месечно, киријата им пречи, зборуваат само за пензија, не жалат пари и не планираат да се вратат

КАКО ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Заработуваат и до 3.500 евра месечно, киријата им пречи, зборуваат само за пензија, не жалат пари и не планираат да се вратат