07 Октомври, 2024
0.0244

КРИЗАТА УДРИ ПО ЕКОНОМИЈАТА: Најголем е падот во преработувачката индустрија!

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Македонската економијата расте но со забавено темпо. Во првиот квартал од годинава растот на Бруто-домашниот производ изнесува 3,2%. Со оглед дека ризиците од политичката криза се сеуште присутни, очекувано е воздржаност на инвестициите и побарувачката и во вториот квартал од годинава, вели Благица Петрески, економскиот аналитичар. Петрески додава дека македонската економија веќе ги чувствува ефектите од политичката криза во земјава која трае неколку месеци. „Забавувањето на економскиот раст во првиот квартал е првиот посериозен сигнал за почетокот на материјализација на негативните ефекти од политичката криза. Главно ова е резултат на забавувањето на бруто инвестициите и надворешната трговија, иако тие имаат висока споредбена основа во истиот квартал лани, а преработувачката индустрија, како еден од главните двигатели на растот во изминатиот период, во овој квартал забележува најголем пад. Сепак, за да може посигурно да тврдиме дека забавувањето на економијата се должи на политичката криза, треба да ги сочекаме бројките за вториот квартал кога таа беше најинтензивна“, вели Петрески. Генератор на економскиот раст во првото тромесечје од годинава, гледано според производниот метод се: Стручни, научни и технички дејности, како и административните дејности кои во растот на БДП учествуваат со 9,9 %. Потоа трговијата на мало и на големо, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна во растот на БДП во првото тромесечје учествуваат со 6,3% и при тоа тука може да се забележи дека има зголемување во однос на лани истиот период кога во растот на БДП учествувале со 3,5%. Следни се финансиските дејности и дејности на осигурување, кои во првиот квартал од годинава во растот на БДП учествуваат со 6,2% а лани во истиот период учествувале со 4,2%. Во вкупниот раст на БДП во првите три месеци од годинава, дејностите уметност, забава и рекреација, и други услужни дејности учествуваат со 6,2%, додека лани учествувале со 12,2%. При тоа градежништвото, кое минатата година се сметаше за генератор на растот економијата, и во вкупниот раст учествуваше со 9,5%, годинава има намалено учество. Градежништвото во првото тромесечје од годинава во вкупниот раст на БДП учествува со 3,1%. Анализата на БДП според производниот метод покажува дека во првите три месеци од годинава има пад кај преработувачката индустрија за 1,8%, иако лани во истиот период преработувачката индустрија имала раст од 8,25, додека на крајот од минатата година завршила со раст од 10%. Пад е регистриран и кај земјоделство, шумарство и рибарство, и тоа за 0,4%, додека лани во истиот период имало раст од 3,8%. Пад има и кај дејностите во врска со недвижен имот и тоа за  0,2%, иако лани во истиот период имало раст од 4,8%. Во растот на вкупниот БДП, додадената вредност и нето даноците на производите, учествуваат со 2,8%, односно 5,8%, што е намалување во однос на минатата година, кога изнесувале 3,3, односно 10,5%. Според последните прогнози на Светска банка, економијата во земјава годинава ќе има раст од 3,5%, додека Народната банка се уште е на проекциите за раст на економијата од 4,1%, со можност да бидат ревидирани. Гувернерот Димитар Богов, предупреди економијата може да има посериозни последици ако политичката криза потрае, а тоа ќе значи дека НБРМ ќе треба да ја затегне монетарната политика. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип