Кризната состојба продолжена за наредните шест месеци
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Јуни, 2021
Продолжува кризната состојба во земјава. Сега таа се продолжува за наредните шест месеци, почнувајќи од 1 јули 2021 до 31 декември 2021 година.
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ја одржа 17-та седница на која е донесена одлука за продолжување на кризната состојба. Комисијата ја проследи одлуката до Собранието, кое, како што е најавено, утре ќе одржи пленарна седница. Кризната состојба, со претходна одлука на Собранието, е до 30 јуни 2021 година.
Претседателот на Комисијата, Миле Талевски за МИА изјави дека на седницата присуствувале министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. „Комисијата отвори дебата. Се разгледаа можности и предлози и се донесе одлука да се проследи до Собранието, на пленарна седница што ќе се одржи утре“, изјави Талевски. Тој појасни дека собраниската Комисија за одбрана и безбедност има само обврска да ја проследи и да отвори дебата по нејзината работа. Во земјава нагло се намали бројот на заразени со коронавирусот. За 24 часа има само 1 нов случај.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.