18 Декември, 2025
0.0631

КРМОВ ГИ ОТКРИ ОЧЕКУВАЊАТА: Ќе освоиме повеќе од 10 пратеници на претстојните избори, анкети не правиме, го гледаме пулсот на народот

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2024 12:26

Добивај вести на Viber

Борислав Крмов, пратеник од Левица, во гостувањето на Студио 10 на ТВ 24 рече дека Левица очекува да има двоцифрен број на пратеници на претстојните парламентарни избори, односно од 10 народни избраници нагоре. 

„Ние не сме правеле анализи, ниту анкети, бидејќи за тоа немаме ниту доволно средства. Но, ние овие очекувања ги имаме врз основа на нашиот инстикт, го чувствуваме пулсот на народот, и врз основа на тоа очекуваме од 10 пратеници нагоре. Тоа е прв пат така да се случи во историјата на Македонија, од два пратеника партија да се искачи на десет. Се случило од два пратеника да се искачи на седум и толку, но не на 10“, рече Крмов.

Според него, тоа ќе се случи и покрај големата разлика во буџетите кои ги има Левица, наспроти големите партии. 

„Ние во 2021 година имавме буџет од 60.000 евра, наспротуи десетици милиони на големите партии“, нагласи овој пратеник, додавајќи дека тоа говори за автентичната структура на Левица, позади која не стојат финансисри. Рече дека оваа партија и покрај тоа, машки ќе се бори и со свои сили на претстојното изборно соочување.

На прашањето дали ќе им биде проблем сегашниот изборен модел, Крмов нагласи дека тој бил најголем проблем пред партијата да влезе со свои пратеници во Парламентот, а кога еднаш тоа ќе се успее, повеќе не е толку голем проблм. 

„Изборниот модел пречи додека влезеш, а потоа ако растеш не е проблем. Ќе се бориме до крај, иако системот е неправеден, но што е тука е“, објасни Крмов.

Тој откри дека изготвувањето на пратеничките листи е при крај, и набргу тие ќе и бидат соопштени на јавноста.

Она што сега се знае е дека претседателот Димитар Апасиев ќе биде носител на листа во Изборната Единица еден.  

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми