06 Декември, 2025
0.0271

Кроациа Осигурување – Живот прва осигурителна компанија која е ISO сертифицирана

Објавено во: Мои пари 14 Јуни, 2013 15:54

Добивај вести на Viber

Кроациа Осигурување - Живот АД официјално се здоби со признание и меѓународен сертификат за воспоставен систем за управување согласно стандардот за квалитет ISO 9001:2008, одобрен од страна на Lloyd’s Register Quality Assurance и со тоа стана првата осигурителна компанија во Р. Македонија која е ISO сертифицирана. Воведување на стандардот за квалитет во своето работење, според компанијата ќе придонесе за значително подобрување на ефикасноста во управувањето со внатрешните процеси, но и подобрување на квалитетот на услугите кон корисниците. Со имплементацијата на овој стандард ќе се зголеми квалитетот и ефикасноста на услугата кон нашите корисници, ќе допринесеме за јакнење на довербата кај постоечките и потенцијални осигуреници и преку тоа значајно да го зголемиме нивното задоволство од услугите кои ги нудиме, велат во Кроациа осигурување Живот. „Компанијата е значаен субјект на пазарот за животно осигурување во Р.М. бидејќи повеќе од 54% од вкупно продадените полиси за животно осигурување минатата година беа издадени од Кроациа Осигурување – Живот, што јасно говори дека македонските граѓани во компанијата препознаваат стратешки партнер во донесувањето на одлука за долгорочно штедење. Во  првиот квартал од 2013 година ја завземаме лидерската позиција на пазарот за осигурување на живот и во поглед на полисиранта премија  со пазарен удел од 46%, изјави Вилма Учета Дузлевска, директор на Кроација Осигурување Живот. Овој стандард е дел од ISO 9000 групата на стандарди кои се однесуваат на имплементација на најдобрите практики во управувањето со квалитет во една организација. Од компанијата велат дека како лидер на пазарот за животно осигурување ќе продолжат постојано да вложуваатво квалитетот на производите и услугите, но и во квалитетот работењето.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј