18 Декември, 2025
0.0398

Крвав пир на екстремистите во Украина: Егзекутирани 30 регрути!

Објавено во: Свет 24 Мај, 2014 07:44

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин рекол дека кризата во Украина прераснала во граѓанска војна од полни размери обвинувајќи го Вашингтон дека го поддржал симнувањето од власт на Јанукович, пренесува „Франс прес“. - Украинската криза се влоши поради тоа што Јанукович го одложи потпишувањето на договорот за асоцијација со Европската Унија. Потоа следуваше удар кој го поддржаа нашите пријатели од Америка, а како резултат на сето тоа настапија хаос и граѓанска војна од полни размери - изјавил Путин на економскиот форум што се одржува во Санкт Петербург. Додека во Украина беснее граѓанска војна, Путин најде зборови на оправдување за припојувањето на украинскиот полуостров Kрим кон Русија во март годинава. Спречивме нови масакри рече Путин во Санкт Петербург. - Kога станува збор за Kрим, нашиот став е јасен - тие гласаа за отцепување и тоа е неоспорен факт - рекол Путин. Паралелно во Украина продолжуваат судирите. Екстремистите од украинското екстремистичко движење Прави сектор убиле 30 воени регрути кои го положиле оружјето за да го бранат локалното население, а во судирите во Луганск загинале 11 војници, пренесува ИТАР-ТАСС. - Во четвртокот слушнавме во Лисичанск дека војската се обидува да го освои градот, па испративме група за преговори. Kолоната на Украинската национална гарда беше блокирана од цивили вклучувајќи жени и деца. Додека траеја преговорите, се слушна пукање, а седум члена на народната милиција на Луганск беа убиени и 16 се ранети - објаснува Остап Черни, портпаролот на народната милиција на самопрогласената Луганска Народна Република. Тој вели дека 30 припадници на бригадата го положиле оружјето за да ги одбранат цивилите и, според најновите расположливи информации, екстремистите на украинскиот Прави сектор ги убиле сите. - Мажите биле на отворено и никој не се криел кога биле испукани смртоносните истрели, а потоа следела престрелка од половина час, во која се слушнале и минофрлачки гранати, а куќите останале во пламен - вели Черни.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина