18 Декември, 2025
0.0590

Крводарителска акција во ВВ „Тиквеш“-Во чест на „Свети Трифун“

Објавено во: Мои пари 12 Февруари, 2016 11:14

Добивај вести на Viber

Претстојниот празник на заштитникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“, беше искористен како повод за организирање на крводарителска акција во винарската визба „Тиквеш“. Голем број вработени во винарницата, доброволно се приклучија кон оваа акција која традиционално, со децении наназад, се одржува во „Тиквеш“.

Tikves_humana akcija_1

„Тиквеш“ е колектив со голема хуманост и несебичност. Тиесе вградени во нашата компаниска култура и од нив тргнуваме кога ги осмислуваме бројните општествено одговорни проекти и активности кои во континуитет ги спроведуваме. Истовремено, преку оваа крводарителна акција, вработените во „Тиквеш“ покажаа дека хуманоста е дел и од нивниот личен кодекс на вредности, што несомнено е одлика на луѓе што знаат да го препознаат значењетона дарувањето крв, што е од непроценливо значење за животот“,изјави генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски.

Крводарителската акција во ВВ „Тиквеш“ ја спроведе стручен тим од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, а во нејзината реализација учествуваа и претставници на Црвениот крст, организација со која винарницата остварува долгогодишна соработка во реализација на различни хуманитарни активности и проекти.

Tikves_humana akcija_3

„Дарувањето крв е привилегија на здравите и истовремено голема надеж за болните. Затоа од огромно значење се ваквите акции со кои се обезбедуваат и обновуваат неопходните залихи од крв. Вработените и менаџментот на „Тиквеш“ уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост и дарувајќи крв овозможија да се спасат многу човечки животи, за што сите ние сме им благодарни“, изјави Димитар Каракулев,претседател на општинската организција на Црвениот крст - Кавадарци.

 

Можеби ќе ве интересира

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!