20 Декември, 2025
0.1763

Кугларите на „Макпетрол“ со 22-ра титула во шампионатот и победа на националниот куп

Објавено во: Мои пари 09 Април, 2023 15:33

Добивај вести на Viber

Екипен првак на Македонија во куглање за сезоната 2022-2023 е „Макпетрол“. Членовите на скопскиот клуб до рекордната 22-ра титула дојдоа со убедливи 16 победи од исто толку натпревари. Тие освоија 32 бода, односно 114 поединечни поени, а загубија само 14 индивидуални бодови.

Исто така, „Макпетрол“ е освојувач на купот во куглање на Македонија што вчера се одржа во кугланата „Мусандра“ во Скопје. Со 3.382 соборени кегли го освоија рекордниот 12-ти трофеј во Купот, 53 повеќе од второпласираниот „Вардар 2014“ и 189 повеќе од третопласираната „ГТЦ Мусандра“. Во Топ-6 поединечни резултати на Купот се најдоа дури 4 првотимци на "Макпетрол". Младен Донковски, натпреварувач на скопскиот клуб, е прогласен за куглар за 2022 година.

Во последното коло од кугларската лига, одржано минатиот викенд, кугларите на „Макпетрол“ ја совладаа женската екипа на „ГТЦ Мусандра“ со 8-0, односно 3.321-2.744 во соборени кегли. Два женски тима се натпреваруваат со мажите во македонската кугларска лига, но нивниот конечен пласман се смета издвоено.

Кугларите на „Макпетрол“ ја обезбедија титулата уште во март кога со победата во 14 коло создадоа недостижна предност, но со триумфот минатиот викенд, првото место во лигата за годинашната сезона доби и официјална потврда.


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии