19 Декември, 2025
0.0393

Кукутанов природни вина со богат вкус за комплетно уживање!

Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2023 11:30

Добивај вести на Viber

Доколку сте од оние кои преферираат квалитетно вино и сакаат да уживаат во секоја негова голтка, тогаш треба да ги пробате вината Кукутанов. Ги карактеризира природен, раскошен вкус, мек и топол, збогатен со зрела цреша и црна слива, со долг финиш на чоколадо. Црвеното вино Мерлот  од винарија Кукутанов е вистинско откритие за љубителите на виното. Доаѓа од природниот и чист радовишки крај од квалитетно грозје произведено на традиционален начин со помош на најновите технологии. Одлични критики за овие вина стигнаа од Винска Визија во Белград, а на скопската Винодонија 2022 беа пријатно изненадување.

"Тајната е во климатските услови во Радовишката котлина кои се идеални за производство на хармонични вина поради изобилството на сончеви денови и постудените ноќи во периодот на зреење на грозјето. Потоа во целокупниот производствен процес во винаријата, од приемот, преку примарната преработка, ферментацијата, до негата и зреењето. Во користењето исклучиво бочви направени од македонски даб (благун), избран од Готен планина. Од нашето вино не боли глава, можеш да испиеш повеќе и да уживаш со сите сетила", вели сопственикот на оваа винарија г. Ѓорѓи Кукутанов.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винаријата Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која веќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатото Шардоне, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж'та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто.

Вина Кукутанов - треба да се проба!

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии