07 Октомври, 2024
0.0260

Култура поништи уште еден конкурс - Последна победа за Алаѓозовски?

Објавено во: Македонија 30 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Министерството за култура реши да поништи уште еден конкурс распишан и одлучен од претходното раководство поради недоследности и пропусти. Станува збор за конкурсот за откуп на класични композиции кој беше објавен на шести април 2017 година, односно неколку месеци пред да профункционира новата влада, но без оглед на тоа конкурсот е поништен поради утврдени неправилности, како што беше постапено и со претходните случаи.

Дали овој потег е можеби последната победа на актуелниот министер Роберт Алаѓозовки, за кого најгласни се информациите од партиски извори на СДСМ, дека токму тој ќе биде еден од главните министри кои ќе бидат разрешени со претстојната и најавена рекострукција на Владата на Република Македонија. 

Од министерот Алаѓозовски имаше огромни очекувања во три клучни области, првата наоѓање на незаконски дејствија од претходното раководство за спроведениот мегаломански проект „Скопје 2014“ со бројни сомнителни тендери, потоа прекинување на досегашниот начин на работа за доделување на непотребни субвенции, но и праведно и развојно доделување на средства на уметници кои ќе ја претстават новата визија во културата и секако ревитализирање на многу уметнички области кои претрпеа огромни штети од претходната власт, беа запоставени и се овозможи кичот и шундот да доминира во мејнстримот со алтернативата и андерграунд културата како издвоени светови сами за себе. 

Министерството за култура ќе го повтори конкурсот за откуп на класични композици, а на него ќе имаат право да учествуваат и апликантите од поништениот конкурс. Министерството за култура ќе поведе соодветни дисциплински постапки за службите задолжени за спроведување на конкурсот, со цел да се утврди одговорноста за направените пропусти. 

Дали оваа одлука и веќе започнатите процеси ќе бидат доволни за искупување на доста критикуваниот министер останува да се види, но без оглед каква ќе биде одлуката на премиерот Заев и партиските тела, добро е да се води и пожестока дебата за работата на владините функционери, да се проверат дадените ветувања, да се анализира сработеното, да се даде оценка за јавните настапи на министрите и нивните одговорности да се истакнат, како и тоа дека потребни се многу квалитетни реформи за кои никој нема време да ги чека. 

Што мислите вие за досегашната севкупна работа на министерот за култура Робер Алаѓозовски?

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил