Кумановците кои работеа во Авганистан се безбедни, се враќаат дома
Објавено во: Македонија 16 Август, 2021 09:09
Дел од граѓаните на Куманово кои преку странски фирми беа ангажирани во Авганистан се на безбедно и треба да пристигнат дома.
Тие веќе стапиле во контакт со своите најблиски и информирале дека се добро. Преку Турција се очекува да допатуваат во земјава. Станува збор за стотина луѓе. Голем дел од печалбарите веќе се вратени откако почна корона кризата.
Работниот ангажман во оваа земја од каде донесоа огромен прилив на пари завршува со повлекувањето на Американците.
Изминативе години кумановци работеа во перални, кујни, во воените бази во Авганистан. Тие се обврзани да не даваат детали околу својот работен ангажман.
Централната Влада во Кабул вчера мирно им ја предаде власта на претставниците на Талибанците, со што заврши дваесетгодишното владеење на авганистанската Влада поддржана од САД. Талибанците влегоа во претседателската палата во главниот град.
С.А.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




