29 Април, 2024
0.0463

Куманово, Штип и Струмица со локални координативни тела против дискриминацијата

Објавено во: Мои пари 22 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

ХЕРА заедно со Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, а со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, од денес ја започнува кампањата за заштита од дискриминација врз сите основи, вклучувајќи ја и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. 

Главната порака на кампањата е „Ако е вообичаено, не значи дека е праведно. Три пати мери, еднаш сечи, но никогаш не дискриминирај!“ Потребата од континуирано потсетување на јавноста за препознавање и пријавување на случаите на дискриминација, особено на локално ниво, се заснова на фактот што бројот на претставките е во постојано опаѓање. 

Кампањата ќе се емитува на национално ниво, но е фокусирана на локалните самоуправи со кои ХЕРА соработуваше изминатата година. Таа ќе се емитува на 5 локални и 3 национални телевизии, и на македонски и на албански јазик. Дополнително, кампањата ќе биде промовирана преку трибини во 5 градови. Во проектот за унапредување на механизмите за заштита од дискриминација на локално ниво се вклучија Народниот правобранител на Република Македонија, Министерството за правда и Комисијата за заштита од дискриминација, како и општините Куманово, Штип и Струмица. 

Притоа се спроведе истражување за потребите на локалните механизми за заштита од дискриминација, по што следеа обуки и прилагодување на позитивните пракси од Холандија. Од овој процес произлезе идејата во кампањата да се стави главен акцент на дискриминацијата и вознемирувањето од омраза засновани на род, социјален статус, како и сексуална ориентација и родов идентитет.

Главен резултат на проектот е основањето на Координативни тела за заштита од дискриминација од страна на Советите на општините Штип, Куманово и Струмица кои ќе работат според Протокол за унапредување на соработката на локалните механизми за заштита од дискриминација. 

Мултисекторските тела се составени од Координаторот за еднакви можности од секоја од општините, Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, Подрачните канцеларии на Народниот правобранител, Подрачните единици за бесплатна правна помош на Министерството за правда и здруженијата на граѓани. Тие ќе имаат цел заеднички да работат на зголемување на информираноста на граѓаните како да препознаат и каде да пријават дискриминација. 

Ја користиме оваа прилика да ги поканиме и останатите општини да се приклучат кон зајакнување на одговорот кон дискриминацијата и да ги преземат добрите пракси на Куманово, Штип и Струмица. Што се однесува до заштитата од дискриминација на ЛГБТИ заедницата, значајно е да се спомене дека во текот на оваа година, Министерството за труд и социјална политика спроведе консултативен процес за изменување на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Се надеваме дека во текот на 2017 година ќе се усвојат измени кои ќе вклучуваат сексуална ориентација и родов идентитет како основи за дискриминација, што воедно ќе ги охрабри ЛГБТИ луѓето да пријавуваат дискриминација. Комисијата за заштита од дискриминација во текот на 2016 година одлучуваше во неколку случаи на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. 

Во повеќето случаи Комисијата повторно не успеа да ја препознае дискриминацијата и соодветно да ги примени одредбите на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Исклучок од ваквата пракса и позитивен пример беше еден случај каде Комисијата за заштита од дискриминација утврди дискриминација врз основа на родов идентитет и определи надомест на штета. 

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024