06 Октомври, 2024
0.0263

КУПУВАЧИ ИМА И ТОА КАКВИ: Обврзницата за денационализација убедливо доминира на берзата!

Објавено во: Економија 21 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Најголем раст на цената оваа седмица има акцијата на Телеком и тој изнеусва 6,5 отсто (разлика меѓу најниска и највисока цена) и е резултат на оптимизмот предизвикан од поместувањата во телекомуникацискиот сектор Убедлива доминација на обврзницата за денационализација РМДЕН 14, трета седмица по ред на македонскиот пазар на капитал. Од целиот промет на Официјалниот пазар кој изнесува 42,7 милиони денари оваа обврзница, издадена годинава за обештетување на иматели и наследници на национализирани имоти, оствари промет од 27,88 милиони денари. Тоа е повеќе од 65 отсто од целата трговија во последните пет трговски дена на нашата берза. Таа обврзница е материјал за тргување кој е достоен за интересот на купувачите кои пазаруваат на нашиот пазар на капитал. Оваа обврзница беше хит и пред две седмици кога однесе 78 отсто од целиот промет на берзата. Во апсолутен износ тоа изнесуваше 97,5 милиони денари. Минатата седмица беше уште поубедливо: прометот со таа обврзница изнесува 152,9 милиони денари и е 88 отсто од целиот промет на Официјалниот пазар на берзата. Просечно дневно, а таа хартија од вредност, се тргуваше во сите пет трговски дена таа обврзница правеше промет од половина милион евра. Зошто инвеститорите ја одбиваат оваа хартија од вредност? Прво, затоа што не сакаат ризик и одбираат хартија од вредност номинирана во евра и гарантирана од државата. Тоа што се спремни да чекаат подолго од осум години да им се врати вложеното, а последните помалку од две години да го „лапаат кајмакот“ покажува дека имаат многу пари и не знаат што друго да им прават. Па нели? Се тепаат да вложат на хартија што ќе достасува во идните десет години, ама е заштитена од девалвација на денар и е гарантирана нејзината исплата од државата. Очигледно е следното: да си подготовен да чекаш толку време (со исклучок на пензиските фондови) значи дека не се знае што да се прави со парите. Очигледно дека понудата на другите финансиски инструменти на пазарот е скромна ( н.з. за да не употребиме и полош термин од скромна), не за друго за да не се навредат нашите подзаспани претставници на естаблишментот на оваа индустрија кои треба да се одзовуваат на терминот „ институционални маркет мејкери“ ако не заборавиле што всушност и значи тоа. Еве пазарот покажа: купувачи има! И тоа какви! Подготвени да купат хартија за која ценат дека е квалитетна и дека носи принос. Макар и да чекаат! Е сега некој што треба да го прави тоа нека ја врзе марамата на глава и нека мисли. За да смисли како да ја збогати понудата на квалитетни инструменти на пазарот на капитал. Од другите активности на пазарот на кратко ќе ги рекапитулираме блу-чип акциите: „Комерцијална банка“ со најголем промет меѓу нив, реализацијата изнесува 7,2 милиони денари, но и со пад на цената до ниво од 1.770 денари. Очигледен е заклучокот – има подготвени купувачи на цена ооколу 1.800 денари за акција и секогаш купуваат и чистат се на понуда на оваа цена. Но акцијата засега нема сила раст, а одамна се чека на тоа. За жал уште нема настан или повод за такво нешто. Да го видиме новиот квартален извештај, наскоро... во јули. „Алкалоид“ исто така ја заврши седмицата со негативен тренд на цената. Последната цена беше 4.800 денари за акција, што е пад за 130 денари од највисоката цена во таа седмица, а прометот беше 1,7 милиони денари. Меѓу „милионерите“ оваа седмица влезе и „Гранит“ со неговата реализација од 1,75 милиони денари. Акцијата заврши тргување со највисоката седмична цена од 473 денари за акција, 13 денари повисоко од најниската цена во таа седмица која изнесуваше 460 денари. „Макпетрол“ оствари промет од 1,78 милиони денари и се тргуваше 4 дена во маргина од 18.350 денари до 17.900 денари за акција. Последната постигната цена изнесува 18.200 денари, а акцијата се тргуваше 4 дена. На подсегментот „задолжитела котација“ највисок промет оствари акцијата на Македонски телеком, а забележа и солиден раст на цената од 15 денари од 6,5 отсто. Прометот со таа акција изнесува 0,72 милиони денари, а постигнат е во маргина од 235 денари до 250 денари за акција. Растот на цената е резултат на зголемениот оптимизам кај инвеститорите, нараснат веројатно, по најавата за спојување на Т-Мобиле и Македонски телеком. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип