КУПУВАЊЕТО КАКВО ШТО ГО ЗНАЕМЕ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈА: На Германија и претстои голема промена, се однесува на супермаркетите, а еве за што точно се работи
Објавено во: Финансии 11 Август, 2023 11:58
Германскиот трговски експерт Герит Хајнеман (63) предвидува крај на продавниците во кои ќе работат луѓето.
- Мораме да се збогуваме со супермаркетите каде што ќе не опслужуваат трговци и касиери бидејќи клиентите сами ќе ги скенираат своите производи на касите за самопослужување - вели Хајнеман.
Ваквиот начин на работа, вели тој, е последица на инфлацијата која го принуди комерцијалниот сектор да ги намали трошоците.
- Персоналот во супермаркетите значително ќе се намали. Во супермаркетот во иднина ќе има пред се само чувари поради зголемената стапка на криминал и работници кои ќе ги полнат полиците, кои во суштина се потребни само навечер - смета експертот.
Хајнеман верува дека супермаркетите какви што ги знаеме наскоро ќе станат минато исто како што супермаркетот каде што трговецот му ги даваше сите производи на купувачот стана минато пред неколку децении. Трендот кон автоматизација влијае и на други области.
Рестораните принудени да го скратат работното време
- Промени бележиме и во угостителството каде има голем недостиг на кадар. Услужните работници се заменети со роботи. Тестирањето со роботи трае долго време – вели Хајнеман.
Многу претпријатија во моментов бараат услужен персонал. Директорката на Дехог, Ингрид Хартгес (63) наведува дека недостигот на работна сила е огромен.
- Иако некои вработени се вратија по короната, ние се уште не сме го достигнале нивото од пред кризата. Ова важи и за работниците за поддршка како што се студентите во пивницата - вели Хартгес.
Многу ресторани се принудени да го скратат работното време и да воведат повеќе слободни денови поради недостаток на работници.
- Тоа може да биде иритирачко за гостите бидејќи одеднаш се наоѓаат пред затворени врати на екскурзии во руралните средини - вели Хартгес.
На одредени позиции платите се зголемени за 20 отсто, меѓутоа, Хартгес наведува дека поради недостигот на работници, многу кандидати бараат значително повисоки плати, мислејќи пред се на менаџерите во угостителството или раководителите на сектори во хотелите.
Хартгес известува дека трошоците за персоналот во март се зголемени за 21,5 отсто во однос на претходната година.
Можеби ќе ве интересира
ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани
ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра




