Курц: Ако овие избори се фер и бидат коректно спроведени, тоа ќе биде важен чекор
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2016 13:02
Спроведувањето на слободни и фер избори и имплементацијата на итните реформски приоритети ќе и овозможат на Македонија да се врати на патот кој ќе ја води кон отворање на преговори за членство во Унијата, изјави сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц.
Тој денеска се сретна со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.
„Јас долго време не верував дека на крајот на краиштата ќе има термин за избори, но тоа успеа. Навистина како ЕУ сме среќни што тоа конечно се договори, но доколку овие избори се фер и бидат коректно спроведени, тоа ќе биде важен чекор кој исто така ќе се земе во предвид од земјите- членки на Унијата во позитивна смисла“- вели Курц.
Попоски истакна дека Австрија е меѓу најголемите пријатели на Македонија кои се трудат перспективата за членство во ЕУ да ја поддржат- и во тешки и во добри моменти. Попоски кажа дека многу австриски компании инвестираат во Македонија и отвораат работни места.
Курц синоќа присуствуваше на партиски митинг на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска за медиумите изјави дека бил присутен како претставник на Народната партија на Австрија. Тој вели дека за него не е невообичаено да се појавува на настани на сестрински партии.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




