Добивај вести на Viber
Maкедонската полиција денеска информира дека австриската полиција, преку Европол, доставила барање за соработка и информации околу терористичкиот напад кој се случи синоќа во Виена.
„Од списокот на австриската полиција, кој е доставен до повеќе полиции, меѓу кои и нашата, утврдено е дека три лица покрај австриското имаат и државјанство на Република Северна Македонија, и тоа К.Ф. (роден во Модлинг, Австрија), А.Г. (роден во Сент Полтен, Австрија) и У.А. (роден во Виена, Австрија). Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се стави на располагање на колегите од Австрија и интензивно соработуваме на сите елементи поврзани со овој случај. Остварена е и директна комуникација меѓу премиерите Заев и Курц. Премиерот Курц изрази благодарност до премиерот Заев за искажаната солидарност и поддршка. Премиерите изразија подготвеност да ја продолжат комуникацијата и соработката во врска со терористичкиот напад доколку австриските служби утврдат таква потреба“, информираат од МВР.
Убиениот напаѓач во Виена е роден во Модлинг, но по потекло е од Челопек во Тетово, Станува збор за К.Ф. (20 години) роден и израснат во Австрија.
Неговото потекло го потврди и министерот за внатрешни работи во Австрија, Карл Нехамер, кој рече дека убиениот напаѓач во Виена е 20-годишник со двојно државјанство, од Австрија и Северна Македонија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.