КУРШУМ ВО НОГАТА ЗАВРШИЛ КАЈ ЕДЕН ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ЧАИР: Се опоравува во Градска болница, д-р Арсенков за Фактор
Објавено во: Македонија 26 Април, 2022 11:31
Еден од
повредените во синоќешната престрелка во скопската населба Чаир итно бил
пренесен во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје,
односно во старата Градска болница. Директорот, д-р Љубен Арсенков во изјава за
Фактор вели дека пациентот е во добра здравствена состојба и се опоравува на
Одделението за трауматологија.
-Повредениот пациент бил итно донесен во нашата здравствена установа. Се здобил со повреда во ногата, односно бил застрелан во ногата, по што веднаш врз него е извршен оперативен зафат од страна на дежурниот медицински персонал. Куршумот е изваден од ногата, дадена е потребната терапија и пациентот се опоравува. Нема повреди на виталните функции, заради што не хоспитализиран на Одделението за интензивна нега. По операцијата префрлен е на одделот за трауматологија каде же следи понатамошното лекување, нагласи директорот Арсенков.
Посочува и дека третманот врз пациентот најверојатно ќе трае една недела.
Инаку, во синоиќешната престрелка во чајџилницата во Чаир загина 47-годишниот Ј.И, додека М.А (43) и Љ.Ш (42) се здобиле со повреди. Настанот бил пријавен околу 21:40 часот, односно било пријавено дека две лица пукале од автоматско оружје на улицата „Браќа Реџепагиќи“.
Неофицијално, како што јавува 24 Инфо, убиениот е скопјанецот Јонуз Идризи, најстариот брат на Камер Идризи, кој исто така беше убиен пред една година.
Инаку, како што соопшти Обвинителството, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа извршил увид во Чаир, каде во инцидент со огнено оружје едно лице беше лишено од живот, а двајца беа повредени.
„Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање и анализа на трагите пронајдени на лице место, како и наредба за обдукција на починатиот. По наредба на јавниот обвинител обезбедени се снимките од видео надзорот на околните објекти.
Се работи на утврдување на идентитетот на сторителите“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
А. Б.
ФОТО: МИА
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




