Курти ги спореди Вучиќ и Радоичиќ со Милошевиќ и Аркан
Објавено во: Балкан 30 Септември, 2023
Потпретседателот на Српска листа, Милан Радоичиќ призна дека целата операција во Бањска ја организирал лично тој, без знаење на Белград, затоа што од претходно имале несогласувања за тоа каков отпор треба да пружат Србите. Но, косовскиот премиер Албин Курти не му верува, и е убеден дека логистиката и наредбите ги добивал од Белград, а тој бил само егзекутор.
Според Курти, обидот српскиот претседател да се одвои од потпретседателот на Српска листа е веќе виден филм. Смета дека врската меѓу Вучиќ е Радоичиќ е неразделна, а Србија нема да се откаже од намерата да го дестабилизира Косово, со помош од Русија.
„Она што сега се обидуваат да го направат е да го раздвојат Радоичиќ од Вучиќ. Затоа што Радоичиќ на терен во Бањска, Звечан го извршуваше тоа што Вучиќ го нарачуваше од Белград. Сме ги виделе заедно на средби во Белград и во Рашка. Значи ова е типична врска од пред 30 години како меѓу Милошевиќ и Аркан. Го гледавме овој лош филм“, рече Курти.
Полната дневна агенда на српскиот претседател не му дозволила целосно да ја погледне изјавата на Родоичиќ кој призна дека ја организирал и спровел акцијата во селото Бањска. Вучиќ вели дека ја видел само во скратена верзија, но сепак некои прашања, вели, ќе мора да бидат поставени.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.