29 Ноември, 2024
0.0457

Кустурица: Преку персонализиран пристап и култура на достапност, градиме близок однос на релација банка-клиент

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Претседателот на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, Санел Кустурица во ексклузивното мега интервју, за априлското издание на „Економија и бизнис“ по повод 15 годишнината од успешното работење на банката во земјава, отворено одговара на прашањата кои се од интерес на корисниците на услугите на банката, граѓаните и заедницата.

Првиот човек на Шпаркасе Банка Кустурица, е искусен банкар и менаџер, кој својата 23-годишна кариера ја започнал и ја градел во родната Босна и Херцеговина. Тој од 2009 година се приклучил на тимот на Шпаркасе Банка, во својата земја, каде успешно ја водел банката сѐ до февруари 2021 година, кога дошол во Скопје, а веќе следната година застанал на челната позиција на банката.

„Верувам  дека уште при првиот контакт со нашата банка, ќе стекнете впечаток дека станува збор за доверлива компанија која негува култура на достапност и персонализиран пристап во соработката со клиентите. Ова е единствениот начин да се изгради близок однос на релација банка-клиент, нешто што во банкарскиот сектор секогаш било предизвик.“- вели Кустурица.

Кустурица во интервјуто за „Економија и бизнис“ посветува големо внимание на актуелните и потенцијални корисници на услугите на банката, објаснувајќи дека Шпаркасе тежнее да ги запознае своите клиенти, со цел да им овозможи  услуга која навистина одговара на нивните потреби.

„Со клиентите целиме да воспоставиме долгорочни партнерски односи и однос на взаемна доверба. Покрај другите придобивки, токму оваа взаемна доверба силно ја акцентира нашата транспарентност како банка, што во 2022 беше препознаенa и од страна на Организација на потрошувачи на Македонија, која на Шпаркасе Банка ѝ додели Сертификат за фер финансиски услуги за потрошувачите.“- вели Кустурица.

Како посебна гордост Кустурица споменува дека банката ималазначајно подобри резултати при мерење на задоволството на своите клиенти.

Во интервјуто за насловна страна на познатиот магазин, Кустурица со гордост зборува за импресивните резултати кои банката ги реализирала минатата година покрај сите предизвици со кои се соочила.

„Ја зацврстивме силната четврта позиција во банкарскиот сектор, со актива од над 1,36 милијарди евра, остваривме раст во кредитирањето од 10,2% што е над банкарскиот просек, зацврстувајќи ја втората позиција во сегментот на корпоративни клиенти и третата во сегментот население, раст во депозитното портфолио од 11,2% повторно повеќе од растот на пазарот. Сите показатели укажуваат на сериозна финансиска и трошковна дисциплина на компанијата. Со остварен поврат на капитал од 11% од една страна, и високата капитализираност од 18,5% со адекватно ниво на ликвидност од друга, ја прават Шпаркасе Банка стабилна и отпорна на евентуални нови кризи во иднина.“- вели Кустурица.

Тој става фокус и на транзицијата и интеграцијата на Шпаркасе со Охридска Банка која ја оценува како многу успешна. Успехот го препишува на тоа што и двете банки поединечно биле успешни и стабилни, и во нив работеле експерти кои со душа и срце го давале својот максимум за имплементација на овој процес.

Во насока на подобрено корисничко искуство Кустурица открива дека Шпараксе Банка е фокусирана кон целосна „дигитална трансформација”, односно кон олеснување, забрзување и унапредување на услугите кон клиентите.

Тој во интервјуто вели дека дигиталната трансформација влегува „на голема врата“ во целиот банкарски сектор и дека мора да биде составен дел од културата на секоја компанија која цели да биде лидер во својата индустрија и долгорочно да се развива.

Кустурица посочува дека со цел да понудат и нови дигитални услуги кои се навистина атрактивни за клиентите, нивен иден предизвик е проектот “Think digital“. Овој проект ќе се фокусира на максимално искористување на достапната дигитална технологија, со цел уште поголемо унапредување на брзината и достапноста на услугите.

„Она што ќе продолжиме да го негуваме и понатаму и кое секако нема да го замениме со никаква дигитализација е нашата поврзаност, нашата цврста емпатија кон клиентите. Тоа е она што ја прави нашата банка уникатна. Ние живееме и се соживуваме со сите среќни моменти кои се случуваат во животот на нашите клиенти, се радуваме на секој нивни успех, на секој нов проект, го преживуваме заедно со нив секој проблем, тука сме да ја споделиме и среќата и тагата. “- вели Кустурица.

Неизвесноста што промената на референтните каматни стапки ја внесе во животот на клиентите, исто така беше предмет на разговор во интервјуто. Кустурица во таа насока зборуваше дека се одлучиле да воведат фиксни каматни стапки за сите типови на кредити што ќе ги користат клиентите и на тој начин да ја гарантираат ратата што тие ќе ја имаат во следни 10 години. Тој исто така истакна дека за депозитните клиенти вовеле навистина поволни каматни стапки, со што покрај сигурноста и довербата што ја нуди банката, овозможуваат и остварување на повисоки приходи.

Со тоа како што вели Кустурица докажуваат дека нема да бидат банка која  „дава чадор” кога има сонце, а  го зема кога врне дожд. 

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СО УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ И ОГНОМЕТ КАКО „ШЛАГ НА ТОРТАТА“: Еве како се славеше Денот на албанското знаме

СО УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ И ОГНОМЕТ КАКО „ШЛАГ НА ТОРТАТА“: Еве како се славеше Денот на албанското знаме

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Постигнат e времен договор со приватните превозници

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Постигнат e времен договор со приватните превозници

АРСОВСКА ДО ПРЕМИЕРОТ:„Патриоту“ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриот менаџер во Европа или сум најлошиот градоначалник кој е твој избор

АРСОВСКА ДО ПРЕМИЕРОТ:„Патриоту“ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриот менаџер во Европа или сум најлошиот градоначалник кој е твој избор

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници

Комплексот „Македонско село“ оди на оглас за ЈПП

Комплексот „Македонско село“ оди на оглас за ЈПП

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ОД ЦРНА ГОРА: Нема никаков проблем во преамбулата да се внесат и Црногорците

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ОД ЦРНА ГОРА: Нема никаков проблем во преамбулата да се внесат и Црногорците

Муцунски и честиташе на Шекеринска за високата функција во НАТО

Муцунски и честиташе на Шекеринска за високата функција во НАТО

ПЕТ ГРАДОВИ ВО ВИОЛЕТОВО: Алармантно е загадувањето на воздухот

ПЕТ ГРАДОВИ ВО ВИОЛЕТОВО: Алармантно е загадувањето на воздухот

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗЈАВАТА НА КОС: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗЈАВАТА НА КОС: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи