07 Октомври, 2024
0.0260

Кузмановска: Зголемувањето на даночната стапка ќе влијае на зголемување на невработеноста и даночната евазија

Објавено во: Македонија 29 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Лилјана Кузамновска од ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека СДСМ директно удира по џебот на граѓаните.

Според неа, најавата за воведување на прогресивен данок со покачување на данокот на доход од 10% на 18% е уште една од погубните политики на власта која ќе придонесе за дополнително осиромашување на граѓаните. Економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев од почетокот на годината до сега го задолжи секое семејство со нови 1200 евра, без да реализира ниту една инвестиција, вели таа. 

„Државата се задолжува милиони, а граѓаните не знаат на што се трошат парите кои сите ние утре треба  да ги враќаме. Ваквото расипништво на СДСМ според најавите на Тевдовски многу скоро ќе го плаќаат граѓаните со над 1000 евра приходи. Покачувањето на даночната стапка најмногу ќе ги погоди младите професионалци од секторите како ИТ технологиите, здравствената заштита и слично, кои веднаш би ја напуштиле Република Македонија и би ја преместиле својата дејност во држави со поповолна даночна политика“ рече Кузмановска. 

Таа додаде дека зголемувањето на даночната стапка значително ќе влијае на зголемување на невработеноста, ќе ја зголеми даночната евазија, со што голем број на субјекти наместо да ги пријавуваат своите приходи целосно ќе се префрлат во полето на сивата економија. 

„Власта со овој чекор ја влошува бизнис климата на државата. Претстои опасност Република Македонија од држава со најниски даноци да стане држава со големи даноци и неповолни услови за водење на бизнис. Рамниот данок е воведен од страна на ВМРО-ДПМНЕ во 2007 година, чин, кој заедно со другите успешни економски мерки придонесе за  намалување невработеноста од 38%, наследени од транзицијата на СДСМ, да се намали до 22%. Тоа дополнително придонесе за намалување на даночната евазија и зголемување на фискалната дисциплина, со што се создаде простор за рамноправен пазарен натпревар кај економските субјекти. Повторното покачување на данокот на доход ќе допринесе до зголемување на сивата економија и влошување на бизнис климата“- вели Кузмановска. 

ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Кузамновска, смета дека рамниот данок со една од најниските стапки на оданочување,  е најприкладен за македонската економија.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил