05 Декември, 2025
0.0527

Квиз прашање за 200 милиони евра: Која мултинационална компанија ќе инвестира во Џумајлија?

Објавено во: Економија 15 Декември, 2012 17:39

Добивај вести на Viber

Премиерот Никола Груевски најави инвестиција од најмалку 200 милиони евра во агрокомбинатот Џумајлија. Објавувајќи го завршувањето на огласот за избор на концесионер за Џумајлија, Груевски информира дека таму ќе инвестира фирма-ќерка на позната мултинационална компанија од далечна држава  и посочи оти очекува самата компанија да ја објави инвестицијата и да се претстави.

- Оваа компанија се декларира дека ќе инвестира над 200 милиони евра во наредните три години, како што налагаат условите во јавниот повик и оти ќе вработи, што е моногу важно, најмлаку де илјади лица, изјави премиерот по поставувањето камен-темелник на Технолошко-индустриската развојна зона Алинци кај Прилеп.

Би се реализирале околу 2000 вработувања вели Груевски.

Следи фаза  на евалуација, а потоа и потпишување на договорот. Инвестицијата, како што рече, е особено значајна бидејќи ќе значи голем препород за регионот кај Џумајлија, бидејќи вработувањата на над две илјади лица значи егзистенција за над две илјади невработени. Компанијата најавува и оти ќе донесе над 20 илјади грла говеда,  ќе изгради фабрика за сточна храна и млекарница со голем капацитет. Нивните планови се покривање не само на македонскиот и регионалниот пазар, туку да продаваат и низ цела Европа, па и пошироко.

- Се работи за крупна инвестиција чие име не би сакал да го спомнам бидејќи се надевам дека тие ќе си го соопштаат тоа,  затоа што знам дека инвеститорите најчесто сакаат самите да се промовираат. Но ќе кажам дека се работи за компанија чие име во Македонија е веќе слушнато. Зборувам за фирма-ќерка на таа компанија којашто е доста позната и која доаѓа од држава со која имаме две историски личности што не поврзуваат, изјави Груевски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката