05 Декември, 2025
0.0285

Квотата за увоз на пченица ќе трае цела година

Објавено во: Агробизнис 01 Март, 2014 11:49

Добивај вести на Viber

Квотата од Светската трговска организација за увоз на пченица, наместо шест месеци како досега, ќе трае цела година. Ова било усвоено барање на мелничарите по работната средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, предвидената квота од 80.000 тони е доволна, но преработувачите предложиле увозот да почне по жетвата, од средината на јули, и да трае цела година, не само во првите шест месеци. Министерството го прифати и барањето на Групацијата за намалување на димензијата на контролните маркици од брашното тип Б. Ќе биде намалена и цената, а точниот износ ќе се знае во мај годинава кога ќе биде распишан новиот тендер. Во врска со нејаснотиите околу постапувањето со оштетените вреќи за брашно и аплицираните маркици е прецизирано дека секоја маркица ќе треба да се одлепи и во рок од пет дена по истекот на месецот да се предаде заедно со записник. Мелничарите бараа контролните маркици да имаат различна боја зависно од пакувањата, како и да чинат најмногу 0,20 денари, а при објавувањето на тендерот за нивно печатење Групацијата да има свој претставник.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?