Kyiv Independent: Путин не ја гледа Украина како предмет на преговори, тој ја гледа како дел од Русија
Објавено во: Свет 16 Август, 2025 10:38
„Трамп не доби ништо од тоа што посакуваше. А Путин? Тој доби сè,“ пишува во текстот.
Според порталот, рускиот претседател уште од пристигнувањето на американска територија бил „сиот во насмевки“, а средбата го претворила од меѓународен изоптеник во лидер на кој американскиот претседател му оддава почести.
Во коментарот се потсетува и на студениот прием што украинскиот претседател Володимир Зеленски го доживеа во Овалната соба пред шест месеци, во споредба со „размазеноста“ со која бил пречекан Путин.
„Украинскиот претседател беше јавно понижен. Рускиот беше разгалуван. Двата призора беа срамотни“, наведува редакцијата.
Kyiv Independent додава дека Трамп не сфаќа една суштинска работа.
„Путин не ја гледа Украина како предмет на преговори. Тој ја гледа како дел од Русија, точка. За Путин и неговата внатрешна екипа, украинската независност е историска грешка која мора да се исправи“, се вели во текстот.
Зеленски ќе оди наскоро во САД.Сепак, и по три часа разговори, Трамп и Путин не постигнаа договор за прекин на огнот.
foto Kremlin
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




