ЛАБУБУ СЕ ШТЕТНИ ПО ЗДРАВЈЕТО: Се повлекуваат од пазарот
Објавено во: Економија 14 Октомври, 2025 08:31
Глобално популарните Labubu кукли се повлекуваат од европските продавници откако беа прогласени за небезбедни за децата. Европскиот систем за брза размена на информации за опасни производи (RAPEX) издаде итна наредба за повлекување и уништување на овие играчки.
Станува збор за плишани кукли во форма на чудовишта со метален прстен, кои може да предизвикаат гушење кај мали деца или алергиски реакции поради присуство на штетни хемикалии.
„Производот содржи мал дел кој лесно може да се одвои (метален прстен). Малите деца може да го стават во уста и да се задушат. Дополнително, пластичниот материјал на играчката содржи прекумерни количини на бис(2-етилхексил) фталат (DEHP) и дибутил фталат (DBP), во измерени вредности од 0,02% и 1,64% по тежина“, се вели во соопштението на RAPEX.
Овие хемикалии се познати по тоа што можат да имаат негативно влијание врз репродуктивното здравје на децата.
Според RAPEX, Labubu куклите не ги исполнуваат европските стандарди за безбедност на играчките, ниту пак одредбите од ЕУ директивата која ги регулира овие производи.
Производител на спорните кукли е кинеската компанија Pop Mart, но е утврдено дека станува збор за фалсификат. Играчките се произведени во Кина, а конкретниот модел — Labubu “Have a Seat” — е препознаен како ризичен и предмет на итно повлекување од пазарот.
RAPEX ја извести јавноста дека производот претставува „сериозен ризик по здравјето на децата“ и побара од сите земји-членки на ЕУ итно да го повлечат од продажба и да го уништат залихите.
Фото: Фактор* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





