16 Декември, 2025
0.0721

Ладни радијатори во ноември - надлежните велат, се е по пропис

Објавено во: Економија 05 Ноември, 2019 14:56

Добивај вести на Viber

И покрај тоа што грејната сезона е почната веќе три недели наназад, скопјани се соочуваат со ладни радијатори, особено во вечерните часови. Иако времето е топло, голем дел од нив се жалат дека во домовите им е студено, особено оние чии станови се помалку изложени на сонце во текот на денот.

Се појавија и реакции на социјалните мрежи. Ина Многуфина ја напиша следнава досетка. 

„Во 15 часот ќе биде 21 степен и ќе излезам надвор свртена кон сонцето со една алуминиумска фолија која ќе ги привлекува зраците за да акумулирам доволно топлина што ќе ме држи до утре бидејќи така некако замислува БЕГ дека треба да се топлиме во ноември. Со сите платени сметки на време за да имаме парно во грејна сезона. Која требаше да почне пред три недели“, пишува Ина Многуфина на својот профил.

Но, и од БЕГ и од Регулаторната комисија за енергетика, тврдат дека тие постапуваат строго по утврдените правила. 

„Испораката на топлинска енергија до потрошувачите се врши по строго утврдени правила во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Овие правила се утврдени во регулативата за испорака на топлина до потрошувачите пропишана од Регулаторната Комисија за Енергетика. Во исто време, со овие правила на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија со минимални трошоци за греење на корисниците“, објаснуваат од БЕГ.

Според нив, мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија детално ја дефинираат испораката во работни денови, викенд и празници, прекините во испораката при сончево и при облачно време, прекини на испораката при крајот на денот како и стартувањето на испорака на топлинска енергија по направените прекини. 

„По направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, кога надворешните дневни температури ќе се под одредени гранични вредности се стартува со испорака на топлинска енергија, односно централното греење повторно се вклучува. Имено, според овие правила, топлинската енергија се испорачува до крајните потрошувачи согласно измерените надворешни температури, во различни периоди во денот, а мерењето се врши секојдневно согласно наведените температурни параметри во мрежните правила. Тие се обемни и точно прецизираат правила за испорака во различни периоди од грејната сезона во различни периоди од денот“, објаснуваат од компанијата која ги снабдува скопјани со парно.

И од РКЕ велат дека компанијата ги почитува правилата. 

„Кога ќе почне грејната сезона, по 15 октомври, соглчасно мрежните правила за дистрибуција, ако температурите во 7 часот наутро се под 10 степени целзиусови, парното веднаш се вклучува. Исто и во 18 часот попладне, ако температурите се под 15 степени, радијаторите се вклучуваат. Вчера вечерта некаде температурите биле 17 степени целзиусови. Во такви услови не треба да се вклучува парно“, вели за Фактор Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

А за утеха, ова ќе придонесе за намалување на сметките за парно, но дури од наредната грејна сезона. 

Односно, ова што сега не се вклучува парно, ќе ги намали трошоците за гас, што понатаму ќе се рефлектира на намалување на порамнителните сметки по завршувањето на оваа грејна сезона.

„Тоа ќе значи дека сметките на граѓаните за парно ќе се намалат за наредната грејна сезона за 2020 година“, вели Бислимовски, првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика.

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност