18 Декември, 2025
0.0595

Лагадин: „Чичко Никола“ сака да ја узурпира и плажата

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2025 19:02

Добивај вести на Viber

Здружението на граѓани за заштита на Лагадин испрати писмо со барање за инспекциски надзор до сите надлежни инспекторати како и Отворено писмо до Министерот за транспорт и врски  по повод најавата на инвеститорот Никола Толевски и „Дебој инженеринг“ дека сака да ја узурпира и плажата.

- Потсетуваме дека за оваа градба поранешниот премиер Зоран Заев во 2018 година изјави дека „за чичко Никола не може да биде ‘Не!’, мора да биде “Да!”“, иако ги прекрши сите можни закони за градење во заштитената крајбрежната зона и ги игнорираше препораките на УНЕСКО.

И покрај спорната постапка околу пренос на сопственоста и спорната градежна документација, инвеститорот во меѓувреме нелегално дигна уште еден, петти кат, догради дополнителни простории и нелегални тераси свртени кон населбата, а годинава пред почетокот на сезоната го узурпираше и влезот во населбата Лагадин со стеснување на влезната улица од регионалниот пат Охрид - Свети Наум со узурпација на две државни парцели.

Тоа дополнително ја загрозува безбедноста на жителите и гостите не само во населбата, туку и на поширокото подрачје на охридското крајбрежје. Стравуваме дека од урбанистички аспект објектот воопшто ги исполнува сите услови за хотел, реагираат од здружението.

Иако против инвеститорот се поднесени повеќе кривични пријави за нелегално градење и узурпација на јавен простор, не само во Лагадин, туку и во Пештани, тој продолжува со однесувањето „Никој ништо не ми може“ уште од 2017. 

- Токму затоа одлучивме како група граѓани собрани во Здружението за заштита на Лагадин да се обратиме до Министерот за транспорт Александар Николоски и градоначалникот со барање да спречат било какви натамошни интервенции и зафати околу дивоизградениот хотел што ќе нанесат дополнителни штети врз еколошкиот амбиент и чистотата на оваа езерска микролокација., додаваат од таму.


Можеби ќе ве интересира

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив