Лагард го повика Кипар да се приклучи кон антикризната програма
Објавено во: Свет 16 Мај, 2013
Директорот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард го повика Кипар стриктно да се придржува кон примената на антикризната програма заради постоењето ризици при нејзиното исполнување, соопштуваат кипарските грчки медиуми.
Лагард кажа дека тригодишната програма, финансирана од Европскиот стабилизациски механизам и ММФ, на Кипар ќе му помогне да се избори со предизвиците, да ја обнови перспективноста на својот банкарски сектор и да го намали буџетскиот дефицит и јавниот долг до подносливо ниво.
Кипарската економија преживува криза на доверба поради неспособноста на нарушениот банкарски сектор да се справи и заради големиот надворешен и внатрешен дисбиланс.
-Властите во Кипар презедоа смели мерки за надминување на кризата, а меѓу нив и за ликвидација и преструктурирање на двете најголеми банки на островот, а, исто така, реализираа и амбициозни мерки за финансиска стабилизација, рече шефицата на ММФ.
Фондот вчера го одобри планот за финансиска помош за Кипар и на земјата и ја додели првата транша од 86 милиони долари.
Согласно планот, ММФ на Кипар во следните три години ќе му даде околу милијарда евра, во рамки на спасувачкиот план, во кој еврозоната учествува со девет милијарди евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.