19 Декември, 2025
0.0384

Лагард: Грција беше добра пред „Сириза“ да дојде на власт

Објавено во: Балкан 02 Јули, 2015 10:42

Добивај вести на Viber

Грчката економија била на патот на закрепнување, пред партијата на радикалната левица „Сириза“ да дојде на власт. Ова го изјавил генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард во интервју за „Ројтерс“.

Таа сепак не го критикува директно премиерот Алексис Ципрас, но истакнала: „Грција треба прво да ја реформира својата економија пред европските кредитори да го олеснат нејзиното барање за долговите“.

По повод најавениот во недела референдум во Грција, Лагард изјавила дека е во тек демократски процес, кој би требало да доведе до поголема сигурност за одлуката на грчкиот народ и каков е кредибилитетот на владата.

Според Кристин Лагард преговорите меѓу Грција и нејзините кредитори можат да пристапат кон повеќе корист од „малку повеќе зрелост“, пишува „БНР“. Во интервју за „CNN“, таа изјавила дека, за да се справи со кризата и за да се ужива од страна на поголемата поддршка на меѓународните кредитори, Грција треба да одржи повеќе структурни и фискални реформи во склад со барањата на програмите на Тројката кредитори од последните пет години.

За референдумот, Лагард одговорила дека е многу тешко да се процени. „Мислам дека е во тек демократски процес, кој, да се надеваме, ќе доведе до повеќе јасност. Мојата надеж е дека ќе продолжиме да работиме заедно. Грција е во средината на Европа, член на Европската унија, на еврозоната и се надевам на разјаснување на ситуацијата, која ќе доведе до помалку неизвесност за тоа што е одлуката на грчкиот народ и каков е кредибилитетот на владата“, коментира генералниот директор на ММФ.

Меѓународната рејтинг агенција „Moody's“ го намали рејтингот на Грција, откако земјата стана првата развиена економија, на која им и изминала обврската кон Меѓународниот монетарен фонд.

Агенцијата објави дека најверојатно Атина нема да ги плати заостанатите обврски чувани од приватни инвеститори, ако не се продолжи поддршката од официјалните кредитори.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен